23 февруари 2023

ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ ОСВОИЈА БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ПРИРОДНИ НАУКИ ВО КОЛУМБИЈА

Преку образовниот процес, учениците се стекнуваат со теоретски знаења, но истите ќе станат употребливи доколку можат да се применат и во праксата. Тоа го покажа и Даниел Христов, ученик во прва година во гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип, кој заедно со уште тројца средношколци, освои бронзен медал на меѓународната олимпијада, IJSO- Интернационална јуниорска олимпијада по природни науки, во Богота, Р. Колумбија, што се одржа од 02.12.2022 до 12.12.2022 година. На олимпијадата се натпревауваа 46 држави од светот, со по шест  претставници (14 и 15 годишна возраст) од секоја држава, кои, во текот на три дена решаваа тестови на знање од областа на биологија, физика и хемија, (теоретски и практичен- експериментален дел).

Патот до еден ваков светски натпревар е резултат на два селекциони натпревари, по коишто следувале напорни теоретски и практични подготовки со професори од Природно-математичкиот факултет при УКИМ, Скопје.

Учеството на олимпијадата на средношколецот Даниел Христов, било финансиски потпомогнато и од неколку општествено одговорни компании.

Ваквите успешни ученици претставуваат идниот потенцијал на стручен кадар во општествениот и реалниот сектор.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА