БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
Со спектакуларна атмосфера, инспиративни креации и силна порака за иднината на младите, во Битола се одржа „Креативен ден 2026“ – настан кој уште еднаш покажа дека кога образованието, креативната индустрија и пазарот на трудот ќе се обединат, се создава магија.
Во организација на текстилната струка во СОУ „Таки Даскало“ – Битола и професорките Анита Стефановска, Ема Ќука, и Живка Танушева Ицаноса, со поддршка на ПРОДУКЦИЈА „Божиловиќ“, ова уникатно модно-едукативно случување прерасна во вистинска платформа за откривање, поддршка и насочување на младите таленти кон професионалниот свет на модата и дизајнот.
Целта на настанот е директно поврзување на учениците со реалниот пазар на трудот, преку практична работа, менторство и соработка со докажани модни креатори и професионалци од индустријата.
Во секој тим беа вклучени: моден креатор, ученичка,модел, создавајќи вистинска синергија помеѓу искуството, талентот и младешката енергија.
Посебна вредност на проектот дадоа модните креатори кои несебично беа ментори на учениците, работејќи рамо до рамо со нив во создавање оригинални модни приказни. Дизајнери ментори кои оваа година учествуваа беа: Весна Божиловиќ, Христијана Голубовиќ, Благој Мицевски, Лили Кадинска, Мирјана Момировска, Никола Петровски, Ирена Стојчевска, Александар Ортаковски, Снежана Петровска, Андреј Ѓ. Папаз, Анастасија Зулевска, Маја Андревска, Муамед Маликовски, Бети Дрогришка, Моника Ангелевска, Мартина Андреевска, Боркица Андонова, Катерина Михајлов Стојановски, Сузана Илиева Ангелова, Ирена Бојмалиева, Наташа Тасева, Анита Стефановска, Ема Ќука, Живка Танушева Ицаноска.
Дамите кои ги носеа креациите: Маја Атанасовска, Стефанија Велевска, Катерина Аневска Дранговска, Милица Љондевска, Александра Жежовска, Дона Петровска, Јасмина Триста, Марија Галевска, Елена Јовчевска, Наталија Маневска, Валентина Грамосли, Магдалена Шампевска, Елена Наумовска, Викторија Христовска, Ана Цивкарковска, Емилија Стефановска Давкова, Милица Трајкова, Катерина Златановска Попова, Александра Филипова, Мими Дуева, Љупка Миладинова Џамбазовски.
Но најзаслужни за креациите беа учениците кои работеа со дизајнерите ментори и дамите, а тоа се: Виолета Мишакова, Рамона Ицаноска, Анастасија Ристеска, Мирјета Адеми, Теодора Мицевска, Елиф Јусуфи, Ивана Ќиќерковска, Маја Автаровска, Маја Роглевска, Ивона Стејровска, Леман Џека Рамонавска, Јамур Али, Барије Рустемовска, Ева Ацковска, Христина Филиповска, Мартина Николова, Имет Имеровска, Семра Мурат,Атина Стојменовски, Андреа Стојменова, Ана Марија Иванова, Елиф Омер, Лидија Петровска, Анастасија Влавческа.
На сцената продефилираа над дваесет уникатни креации инспирирани од филмот, уметноста и современите модни трендови, а публиката уживаше во вечер исполнета со емоции, аплаузи и гордост за новите генерации креативци.
Целта на настанот „Креативен ден“ не е само презентација на модни креации, туку создавање реално искуство за учениците и нивен развој како идни професионалци. Настанот има за цел да го надополни формалното образование преку практична работа, да ја поттикне креативноста и да овозможи поврзување со модната индустрија, истовремено подигнувајќи свест за современи теми како одржлива и етичка мода.
Преку учество во „Креативен ден“, учениците добиваат можност да работат како вистински модни дизајнери, поминувајќи го целиот процес – од идеја и скица, до изработка и финален производ. Во текот на подготовките тие соработуваат со професори и професионални дизајнери, при што стекнуваат практични знаења за техники, материјали и развој на колекција.
Дополнително, настанот им овозможува јавен настап, каде што ги презентираат своите креации пред публика, што придонесува за развој на самодоверба и комуникациски вештини. Преку фотографирање и објавување на нивните модели, учениците добиваат и прва форма на промоција и градење на лично портфолио.
Особено значаен аспект е можноста за вмрежување, каде што учениците стапуваат во контакт со дизајнери, локални бизниси и други учесници од модната сцена, што може да отвори понатамошни можности за пракса, соработка или вработување.
Истовремено, тие се запознаваат со современите трендови во модата, особено со концепти како одржлива мода и zero-waste пристап, што е од големо значење за нивниот понатамошен професионален развој.
На крајот, „Креативен ден“ не им носи само завршен производ, туку и вредно искуство, самодоверба, нови контакти и конкретни чекори кон градење кариера во модната индустрија.

