5 мај 2026

РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА

Студентите преку директна интеракција со компании, реални случаи и искуства, учат од индустријата

 

Највредното учење доаѓа од бизнисот – од реални проекти, вистински предизвици и искуства што не се учат од учебник. Тоа станува реалност кога претставници од бизнис заедницата директно им раскажуваат на студентите и средношколците, за искуството кое се стекнува низ работните процеси што е различно од теоријата што се учи низ образовните институции.

Во насока на приближување на двата процеси, и препознавање на стручните училишта и факултетите дека оваа алка во синџирот е многу потребна, на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, пред студентите беше одржано предавање од страна на директорот на компанијата Раде Кончар ТЕП, м-р Горан Антевски и м-р Дамјан Василевски, вработен во истата компанија, поранешни студенти од истиот факултет. Темата на предавањето беше „Што значи да се гради кариера во инженерството денес“ и пренесување на знаење од „прва рака“ – од реалната економија во образованието.

Пред студентите, преку нивното излагање беше пренесена приказната на Раде Кончар ТЕП – од почетоците до денешниот развој, како компанија која континуирано инвестира во автоматизација, енергетска ефикасност и современи производствени процеси. Посебен акцент беше ставен на тековните проекти, можностите за практикантство и реалните предизвици со кои се соочуваат младите инженери при нивниот влез во индустријата.

Во суштина, оваа директна комуникација значи зајакнување на врската помеѓу академијата и бизнис секторот и поврзување на образованието со реалниот сектор – процес во кој младите не учат само „што да знаат“, туку и „како тоа знаење се применува во пракса“, бидејќи обезбедуваат:

  1. увид во тоа како навистина функционираат компаниите, надвор од теоретските рамки;
  2. разбирање на тековните трендови, технологии и вештини што се бараат на пазарот на труд;
  3. запознавање со реални кариерни патеки, предизвици и можности за развој;
  4. градење свест за очекувањата на работодавачите и потребните компетенции;
  5. поттикнување мотивација и појасна ориентација кај младите при избор на професија.

Ваквиот концепт треба да биде поддржан и применет во повеќе образовни и студиски програми, за да можеме да ја оставариме целта, а се креира кадар по мерка на бизнисот.

Latest

Решение за акредитација на организатор на обуки за ментори за Стопанската комора на Северна Македонија издадено од МОН
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА ВО ДРЕКСЛМАЈЕР (DRÄXLMAIER) РАЗВИВА ВЕШТИНИ, ПОТТИКНУВА ИНОВАТИВНОСТ И ГИ НАДМИНУВА ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ
КОГА ТЕОРИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ ВО РЕК БИТОЛА
БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга