14 мај 2026

УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД

Во време кога практичното образование сè повеќе ја добива својата вистинска вредност, успешната соработка помеѓу образовните институции и компаниите претставува пример кој заслужува внимание. Таков позитивен пример е соработката со компанијата „Бреинчајлд“ (Breinchild), каде што шест ученички од текстилната струка, насока-техничар за дизајн на облека во СОУ„Таки Даскало„ Битола, имаа можност во текот на целата учебна година да стекнуваат практични знаења преку директно вклучување во работниот процес.

Компанијата покажа висок степен на општествена одговорност и професионален пристап кон младите. За ученичките беше назначен одговорен вработен, кој внимателно го следеше нивниот напредок и им обезбеди структуриран дневник за работа. Преку оваа систематска поддршка, учениците не само што ги усовршија своите технички вештини, туку стекнаа и работни навики, дисциплина и чувство за одговорност.

Особено значајно е што Breinchild обезбеди финансиска поддршка за нивниот ангажман, покривајќи ги трошоците поврзани со превозот. Ова дополнително ја потврдува нивната посветеност кон развојот на младите кадри и вложувањето во иднината.

Практичната работа беше насочена кон креативноста и иновацијата. Учениците имаа задача самостојно да осмислат дизајн на спортска торба, да креираат сопствен принт и да го реализираат производот од идеја до финална изработка. Овој процес им овозможи да го почувствуваат целиот циклус на создавање – од концепт, преку дизајн, до готов производ. Како признание за нивниот труд и креативност, торбите им беа подарени како траен спомен од ова искуство.

На крајот од праксата, во знак на благодарност и поддршка за нивниот понатамошен животен пат, ученичките добија и пригодни подароци за матурирањето, со што компанијата уште еднаш ја покажа својата грижа и почит кон младите.

Оваа успешна приказна претставува пример како учењето преку работа може да биде мост помеѓу образованието и реалниот сектор. Таа јасно покажува дека кога компаниите вложуваат во младите, резултатите се видливи – мотивирани, обучени и самоуверени идни професионалци подготвени да одговорат на предизвиците на современиот пазар на труд.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА