21 април 2022

ОТВОРЕН ВТОРИОТ ПОВИК ЗА ГРАНТОТ ОД 150.000 ДО 600.000 ЕВРА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНАТА ОБУКА ВО КОМПАНИИТЕ

Стопанската комора на Северна Македонија, Ве известува дека е отворен ВТОРИОТ  ПОВИК на проектот за унапредување на стручното образование и практичната обука со добивање грант од 150.000 до 600.000 евра за инвестиции во инфраструктура и опремување на стручни училишта, високообразовни институции и приватни и/или невладини понудувачи на образовни услуги во соработка со приватниот сектор, преку Регионалниот фонд за предизвици (Regional Challenge Fund (RCF)).

Повикот е ОТВОРЕН ОД  07.03.2022, ЗАКЛУЧНО СО 14.04 2022 година.

Проектот се спроведува преку Коморскиот инвестициски форум на 6-те земјите од регионот на Западен Балкан, како главен партнер за имплементација, чија членка е Стопанската комора на Северна Македонија.

Средствата се обезбедени од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ) на чија иницијатива е основан Регионалниот фонд за предизвици за спроведување на проектот, а финансиран од Германската банка за развој (KFW).

Програмата за поддршка преку грантови на Регионалниот фонд за предизвици има за цел да го зајакне квалитетот, но и релевантноста на стручното образование и обука со потребите на пазарот на труд, но и да ја зајакне заедничката соработка на компаниите и стручните училишта, високообразовните институции и приватни и/или невладини понудувачи на образовни услуги за полесно вработување на младите и невработените лица.

Активностите ќе се спроведуваат во соработка и заеднички партнерства помеѓу најмалку две компании и едно стручно училиште, високообразовна институција и приватен и/или невладин понудувач на образовни услуги за имплементација на програми за стекнување квалификации преку Договори за соработка (Меморандуми).

За да можат да учествуваат на повикот, проектните партнери мора да се подготвени да учествуваат во заеднички активности за обука со цел квалификување на учениците врз основа на стандарди на квалификации и/или занимања кои соодветствуваат на побарувањата на пазарот на трудот.

Дополнителни информации во однос на процесот на аплицирање и потребните документи може да најдете на следниот линк РЦФ го објавува вториот повик за изразување интерес – (rcf-wb6.org)

Истовремено, Ве известуваме дека во следниот период планирани се повеќе активности за промоција на отворениот повик, но и за обезбедување на оперативна поддршка за подготовка на проектната апликација (вклучувајќи инфо-сесии и туторијали).

Првата он-лајн  инфо сесија ќе се одржи на 16 март 2022 година со почеток во 14 часот, а првиот туторијал е на 30 март 2022 година во 14 часот. За да учествувате на  инфо сесиите и туторијалите ќе мора да се регистрирате на следниов линк: https://rcf-wb6.org/schedule-of-online-activities/

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА