21 април 2022

ЗАЕДНИЧКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, НО И ПОДДРШКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР НА ЛОКАЛНО НИВО

Кампањата „Учи паметно, работи стручно“, денес продолжи во градот Гостивар. Целта е унапредување на стручното образование и обезбедување стручен кадар за потребите на компаниите.

Според анкетите што ги прави Стопанската комора на годишно ниво за предвидување на работната сила за компаниите, 62% од компаниите се соочуваат со недостаток на работна сила, а недостатокот на работна сила ја намалува продуктивноста на компаниите и претставува ограничувачки фактор за раст и развој на компаниите.

Тоа беше причината, Комората да презема активности за воведување на дуалниот модел на образование како најефикасен начин за обезбедување кадар за компаниите што може да се постигне само со проактивно учество на сите чинители во образовниот процес. Kомпаниите, кои се соочуваат со потешкотии во обезбедување стручен кадар, да ги искажат своите потреби; образовните институции да излезат во пресрет на барањата на компаниите со креирање образовни програми за нови квалификации; стручните училишта да ги образуваат учениците според новите програми; а компаниите практично да ги оспособуваат учениците. Само на таков начин, преку квалитетно пазарно орјентирано образование, во кое теоретските знаења се надополнети со практично искуство, младите ќе можат да се наметнат и да бидат препознатливи на пазарот на труд, а компаниите да добијат квалификуван кадар.

Дијалогот што се остварува преку кампањата „Учи паметно, работи стручно“, со  вклученост на Министерството за образование и наука, Стопанската комора, Центарот за стручно образование и наука, како и стручните училишта и бизнис заедницата  овозможува креирање уписна политика според потребите на бизнис заедницата на локално и регионално ниво и отворање дуални паралелки  во средните стручни училишта. Тоа ќе го поттикне економскиот развој на локално и на регионално ниво што ќе ја подобри  и економската состојба во државата.

Како резултат на кампањата, оваа учебна 2021/2022 година, беа отворени нови 97 дуални паралелки низ целата земја, во кои, образованието го продолжија 1.400 ученици, што претставува успех, ако се знае дека во минатата учебна 2020/2021 година, функционираа само 11 дуални паралеки.

Во Гостивар функционира една паралелка за квалификацијата машински техничар.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА