30 октомври 2024

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА

Без солидна практична обука на реално работно место нема успешни и стручни млади лица. Ова е мотото на Мартин Џамбаски, ментор по практична обука во хотелот „Манастир“, Берово, кој секоја учебна година на учениците од секторот угостителство и туризам од ОСУ „Ацо Русковски“ Берово, им овозможува реализација на практично образование преку директна примена на теоретските знаења стекнати на часовите. Целта на практичната работа е да ги подготви учениците за реалниот свет на угостителството и туризмот преку развивање на практични вештини и компетенции.

Учениците се распределуваат на различни работни места, во зависност од образовна квалификација што ја изучуваат (Хотелско ресторански техничар, Угостителски техничар или Хотелско туристички техничар) и на реално работно место имаат можност да учествуваат во различни активности како што се: прием и регистрација на гости на рецепција, организирање на настани, послужување на храна и пијалоци, управување со резервации и креирање на промотивни пакети.

„Во текот на практичната работа, учениците покажуваат висок степен на професионализам и посветеност. Тие се соочуваат со реални предизвици и проблеми, што им помага да развиваат критичко размислување и способност за решавање на проблеми“ потенцираше Џамбаски..

Посебно ги издвои следниве постигнувања на учениците: успешно организирани настани, задоволни гости и клиенти, креирани нови и иновативни промотивни пакети, како и постигнати високи резултати во сервирање на храна и пијалоци. Овие резултати се доказ за квалитетот на обуката и практичната работа што ја добиваат учениците.

„Еден од клучните фактори за успехот на оваа програма е одличната соработка со професорите од училиштето. Професорите активно учествуваат во процесот на планирање и координација на практичната работа, обезбедувајќи континуирана поддршка и насоки за учениците. Нивната стручност и посветеност придонесуваат за квалитетот на обуката и помагаат учениците да ги надминат предизвиците со кои се соочуваа, вели менторот Мартин Џамбаски, дипл. менаџер по угостителство и диететика.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА