14 април 2026

Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам

По успешно реализираните активности во Охрид, Битола и во Скопје, Стопанската комора на Северна Македонија ја продолжува серијата промотивни настани за промоција на занимањата од туристичко-угостителскиот сектор пред деветтооделенците од училиштата во Велес.

Во таа насока, во хотел „Романтик“ Велес беше реализиран еднодневен настан на кој присуствуваа педесетинаученици од четирите основни училишта од овој град, со цел нивно запознавање со можностите што ги нуди стручното образование, со посебен акцент врз туристичко-угостителската струка.

Во рамките на настанот беа претставени и образовните потенцијали на Училиштето за средно стручно образование „Коле Неделковски“ од Велес, јавна образовна установа основана во 1995 година. Училиштето располага со современи услови за изведување на наставата, вклучувајќи сопствена училишна зграда, машински- и електроработилници, како и спортска сала, со што во целост ги исполнува просторните и техничките стандарди за квалитетно образование.

Од своето основање до денес училиштето континуирано реализира образовно-воспитна дејност, обезбедувајќи стручно образование и професионална обука во повеќе струки, меѓу кои машинската, електротехничката, сообраќајната и туристичко-угостителската. Во рамките на угостителската струка учениците имаат можност да се образуваат во рамките на профилитеготвач и келнер преку тригодишно и четиригодишно дуално образование, кое комбинира теоретска настава со практична обука во реални работни услови. Во моментов за оваа струка се образуваат околу сто ученици од прва до четврта година.

На настанот своето искуство го споделија и претставници на хотелот „Романтик“ како истакната членка на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора, во насока на претставување на можностите за личен развој во угостителската струка.

Оваа серија од пет настани беше иницирана од компаниите членки на Здружението за угостителство и туризам, а реализирана со поддршка на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк“. Тој ја препозна потребата на приватниот сектор и, пред сѐ, на градењето капацитети на коморскиот механизам на секторско ниво преку соодветните здруженија и асоцијации, заради решавање на образовните предизвици со кои се соочуваат компаниите од даден сектор или индустрија, а кои ќе бидат во насока на обезбедување кадар по мерка на бизнисот, кој ќе може бргу да се интегрира од училишните клупи во работната средина. Ваквите активности имаат големо значење за правилно информирање и насочување на учениците при изборот на нивната иднина. Тие придонесуваат за подигнување на свеста за важноста на стручното образование и ја потенцираат улогата на угостителството и туризмот како значајни двигатели на економскиот развој.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА