ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Квалитетот на практичната обука зависи од правилно функционирање на триаголникот ментор во компанија, ученик и координатор за учење преку работа во стручно училиште. Затоа се потребни подготвени ментори кои го пренесуваат на наједноставен видлив начин своето знаење и искуство на учениците и ги обучуваат да ги стекнат стручните вештини и компетенции за квалификацијата која ја изучуваат на реално работно место, како и подготвени координатори за учење преку работа, кои ќе го подготват и организираат целокупниот процес на реализација на практичната обука и ќе и помага на учениците како да ја реализираат практичната обука. И се разбира, заинтересирани ученици кои одат на практична обука во компанија, а заинтересираноста, пред сè зависи од нивниот интерес и можности за квалификацијата за која се запишале, но и од посветеноста на менторот за нивна обука и од организираноста на процесот за практична обука на координаторот. Стручното образование и обука ги поврзува компаниите/ институциите на кои им треба стручен и квалификуван кадар и стручните училишта кои испорачуваат кадар со стручни вештини.
За таа цел, од 18-20 април, беше организирана тридневна обука на координаторите за учење преку работа, која е дел од пакетот обуки за Програмата за координатори за учење преку работа. Програмата се состои од 5 модули: Стручно образование и обука и систем за вработување; Комуникација; Менаџмент и самоорганизација на процесот на учење преку работа; Релација на соработката на установите за стручно образование и компаниите и за ИТ професионален контекст на практичната обука.
На обуката присуствуваа 38 координатори од стручните училишта од државата, кои имаа можност да учат од искусни предавачи: Чедомир Димовски, Соња Ристовска, Ардијана Исахи Палоши и Ридван Зеќири. Во рамките на активностите за вмрежување, учесниците имаат можност да учат едни од други за користење на ИТ алатките: Гугл драјв ( Google drive) Гугл формс (Google forms) и селфи УПР (Selfie WBL) од страна на Македонка Гуџирова Попова, Маја Салиу и Никола Лучески.
На обуката, од страна на претставник на Стопанската комора, беше презентиран порталот Пракса (https://praksa.mchamber.mk/), кој претставува алатка за вмрежување на компаниите и стручните училишта за реализација на практичната обука (дуален модел на образование, учење преку работа и феријална практика).
Со користење на порталот Пракса се овозможуваа:
- брза комуникација и транспарентност на процесот;
- подигање на атрактивноста на стручното образование и обука;
- афирмација на практичната обука на реално работно место за стекнување стручни и практични вештини кај учениците;
- олеснета соработката помеѓу училиштата и компаниите, но и за учениците и родителите преку преглед на настани, новини, успешни приказни во стручното образование, преглед на сертифицираните ментори и верифицираните компании за реализација на практична обука, како и на координаторите за учење преку работа и преглед на релевантната документација што го покрива стручното образование.
Сподели на социјална мрежа: