19 април 2024

Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани

Виктор Анѓелов е  успешна приказна како од средношколец кој редовно одел на практична обука во компанијата „Руен Интернешнл Техналоџис“, Кочани, денес е еден од сертифицираните ментори за реализација на практична обука на ученици во истата компанијата „Руен Инокс Автомобиле“.

И за него, реализацијата на практичната обука во компанијата „Руен Интернешнл Техналоџис“, Кочани (денес „Руен Инокс Автомобиле“) како средношколец, била една од најдобрите можности што го нуди стручното образование и што му помогнала во патот за градење на неговата кариера.

„Компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, е заслужна за голем дел од мојот досегашен успех. Програмата за практична обука, мојот голем интерес за секаков тип на производни машини, превозни средства, мотори со внатрешно согорување, машински обработки и останати конкретни работи кои имав можност да ги видам во компанијата, искуството стекнато преку учењето на реално работно место и познанствата стекнати таму, придонесоа за успехот, но и воедно беа и причина поради кои се запишав на машинскиот факултет во Виница, при универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, отсек производно машинство. Важно е да се напомене дека компанијата „Руен Интернешнл Техналоџис“ имаше одлични ментори кои ме подучуваа, а нас ни остануваше само да го искористиме знаењето и искуството што ни го дава  менторите“.

Стручно образование го започнал во 2006-та година, кога се запишал во СОУ „Гошо Викентиев“, Кочани, смер електротехничар за комјутерска техника и автоматика. Високото образование во 2010-та година го продолжил на машинскиот факултет во Виница, на отсекот производно машинство.

„И додека студирав, задолжителната пракса во текот на летото ја обавував во компанијата „Руен Интернешнл Техналоџис“. За време на праксата соработував со многу колеги инженери, во повеќе погони и научив многу од потребното знаење за понатамошна примена“ изјави Виктор Анѓелов.

Во меѓувреме, пред да дипломира компанијата ги сменила сопственици и од новиот директор на сегашната „Руен Инокс Автомобиле“ добил можност да се вработи уште пред да дипломира. На почетокот на вработувањето, работел на повеќе работни позиции, како оператор на машини во производство (струг, глодалка и други), а потоа во погонот Алатница како оператор на CNC-струг и оператор на ерозимат (машина за сечење метали со помош на жица).

После дипломирањето е назначен на денешната позиција, за раководител на погонот Алатница, а покрај основните работни задачи кои ги предвидува работното место, Виктор работи и како ментор на ученици од средното, и студенти од високото образование кои доаѓаат да реализираат практична настава во компанијата.

„Проширувањето на соработката на „Руен Инокс Автомобиле“ со СОУ „Ванчо Прке“ од Виница, доведе до потреба компанијата да има свои сертифицирани ментори, кои работаат со учениците кои ја реализираат практичната настава. Со учеството во обуката за ментори што ја реализираше Стопанската комора и стекнувањето на сертификатот за ментор, ја исполнив мојата желба, од ученик кој реализира практична обука во компанијата, да станам ментор на новите ученици во истата компанија и да им го пренесувам моето знаење, искуство, но и љубов кон професијата“.

Последни

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО НАУКАТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО ИНФОРМАТИКАТА И ГЕОНАУКАТА
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА
ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Улогата на коморите и бизнис организациите во креирањето на стручното образование и обука во Швајцарија
ОТВОРЕН ДЕН – ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР