24 јануари 2024

ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ

Учењето преку работа им нуди на учениците стекнување работно искуство во реални услови и им овозможува знаењето и вештините што се стекнати во училиште да ги поврзат со светот на трудот и идните кариерни можности. Тоа беше и целта на ПЗУ “Прим. д-р Самарџиски“, Штип, да се вклучи во стручното образование и обука и во реализацијата на учењето преку работа, а со поддршка на Стопанската комора, ги исполни двата важни критериума за осигурување квалитет во реализацијата на практичната обука: 1) сертификација на ментор преку завршување на обуката за ментори кои ќе ги водат учениците во процесот на учење преку работа и 2) верификација на компанијата за реализација на практична обука на ученици.

Приватната здравствена установа “Прим. д-р Самарџиски“, Штип поседува  соодветни услови, каде учениците од СОУ „Јане Сандански“, Штип, ќе ја реализираат практичната обука и високо професионален стручен персонал, кој е вклучен во практичната настава на учениците. ПЗУ претставува средина за едукација на учениците од средното медицинско училиште.

”Учењето преку работа придонесува кон севкупниот развој на ученикот и претставува начин, за тој самиот, да се обезбеди и да ја долови вредноста на професијата уште пред да го заврши своето формално образование. На реално работно место, учениците го увидуваат процесот на стандардизација на работните процеси во целост, како и дигитализација на работните процеси во една лабораторија кога станува збор за квалификацијата Медицински лабораториски-санитарен техничар. Од наша страна ние сме задоволни што на овој начин ќе го унапредиме и обезбедиме здравствениот систем со уште поквалитетни и ефикасни кадри кои во иднина ќе даваат услуги за нашите граѓани од Источниот регион“ вели д-р Мануела Манева Ристова, раководител на специјалистичката дијагностичка лабораторија “Прим. д-р Самарџиски“ во Штип, специјалист по медицинска биохемија.

ПЗУ „Прим. д-р Самарџиски“ e основана во мај 1998 година со цел да го унапредува и подобрува здравјето на своите пациенти. Станува збор за современа поликлиника, здравствена установа по општата медицина, со четири тима матични лекари со над 5000 редовни пациенти; интерна медицина за превенција, дијагностика и лекување со над 6000 прегледи годишно и сопствена специјалистичка дијагностичка лабораторија која дава услуги од областа на биохемијата за анализа на крв и останати примероци од хумано потекло.

ПЗУ „Прим. д-р Самарџиски“ соработува и со Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип со цел промовирање наставна, стручна и научна размена на знаења, искуства, кадар и капацитети и за стекнување вештини и компетенции за високообразовните квалификации кај студентите. Практичниот дел од феријалната практика го поминале над 400 студенти.

ПЗУ „Прим. д-р Самарџиски“, Штип е првата верификувана приватната здравствена установа за практично образование во Штип.

Latest

Решение за акредитација на организатор на обуки за ментори за Стопанската комора на Северна Македонија издадено од МОН
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА ВО ДРЕКСЛМАЈЕР (DRÄXLMAIER) РАЗВИВА ВЕШТИНИ, ПОТТИКНУВА ИНОВАТИВНОСТ И ГИ НАДМИНУВА ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ
КОГА ТЕОРИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ ВО РЕК БИТОЛА
БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга