17 ноември 2022

ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ СКЛУЧЕНИ 92 МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА СО КОМПАНИИ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА

После првата соработка со ЕВН МАКЕДОНИЈА, Скопје, средното стручно училиште СЕТУ „Михајло Пупин“, Скопје, за четири години, склучи 92 меморандуми за соработка со големи, средни и мали компании /претпријатија каде учениците ја реализираат феријалната практика, учењето преку работа и практичната работа за стекнување стручни знаења и вештини на реално работно место.  Во дел од компаниите, учениците се образуваат преку дуалниот модел на образование, што претставува најефикасен пристап за обезбедување на стручен кадар по мерка на бизнисот.

Соработката со компаниите се остварува за повеке квалификации како Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Електротехничар за електроника и телекомуникации, Електротехничар енергетичар, Електромеханичар и Електричар-електромонтер на енергетски мрежи, а ваквиот пристап на соработка овозможува полесна транзиција на учениците од училишната кон работната средина и побрзо прилагодување на работните процеси во компаниите.

Соработката на училиштето и компаниите е зајакната и со учество на заеднички проекти и донации што е во интерес на професионалниот и личниот развој на учениците.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА