4 мај 2022

ИДНИНА ЗА МЛАДИТЕ, НО И МЛАДИ ЗА ИДНИНАТА

Како да се подобри квалитетот и квантитетот во стручното образование за учениците, како до повеќе практичнa обука во компаниите, на самото работно место и во реалниот работен процес, како да се изнајдат начини за квалитетно вклучување на бизнис заедницата во стручното образование?

Економијата која е втемелена на знаења е економија која се гради врз основа на партнерство меѓу образованиот сектор, приватниот сектор и државата. Социјалниот дијалог овозможува креирање квалификации, потребни за обезбедување квалификуван стручен кадар за бизнисот и развој на економијата во државата.  Зголемувањето на бројот на образовни програми подготвени со учество на приватниот сектор и според барањата на конкретна компанија на локално и регионално ниво, со практична обука во компанијата и апликативни знаења, е клуч за зголемување на вработливоста на младите и нивна поефикасна транзиција „ од училишната клупа на работното место“. Теоријата е важна, но без пракса, нема употреблива вредност, затоа што искуството е тоа што ја води младата личност низ животот.

Практичната обука во компанијата не би ја добила употребната вредност без менторот во компанијата. Позицијата ментор е од огромно значење и за компанијата, и за учениците. Менторите ги водат учениците низ работниот процес, ги запознаваат со организациската структура на компанијата, им го пренесуваат своето практично искуство и ги развиваат нивните стручни вештини специфични за работните задачи, но меките вештини како одговорност, посветеност, чувство за припадност, донесување одлуки, тимска работа… Со менторот, компанијата е сигурна дека учениците имаат постојан надзор додека престојуваат во компанијата и дека ќе бидат подготвени според спецификата на работењето на компанијата.

Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со министерството за образование и наука реализираа серија обуки за ментори од 220 мали, средни и големи претпријатија од 8-те плански региони, кои поминаа специјализирана тридневна обука со фокус на различни модели на обезбедување поддршка на учениците и нивно воведување во работниот процес.

Обуките за ментори ги поминаа 177 претставници на компании – ментори кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на средното стручно образование на учениците, а од нив 56% се жени – менторки од традиционални сектори како машинство, електротехника, хемија, технологија…
Активноста е дел од проектот за премостување на јазот кај новите вештини за креирање нови и подобри работни места реализиран од УНДПМК, а финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје. (#Skills4future #skillnext #UKinMK #LeavingNoOneBehind).

За улогата на стручното образование и обука и менторот во компанија повеќе ќе дознаете од видеото во прилог (https://www.youtube.com/embed/RNltnDP1Qv0?autoplay=true).

м-р Наташа Јаневска

Latest

Решение за акредитација на организатор на обуки за ментори за Стопанската комора на Северна Македонија издадено од МОН
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА ВО ДРЕКСЛМАЈЕР (DRÄXLMAIER) РАЗВИВА ВЕШТИНИ, ПОТТИКНУВА ИНОВАТИВНОСТ И ГИ НАДМИНУВА ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ
КОГА ТЕОРИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ ВО РЕК БИТОЛА
БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга