21 април 2022

ДИЈАЛОГОТ НА КАМПАЊАТА „УЧИ ПАМЕТНО, РАБОТИ СТРУЧНО“ ВО КИЧЕВО СО КОМПАНИИТЕ И СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ ЗА КВАЛИТЕТЕН КАДАР

Во Кичево се одржа средба за кампањата  „Учи паметно, работи стручно“ која се реализира со поддршка на проектот „Образование за вработување, каде присуствуваа министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, заменик министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески, претставници од  Стопанската комора, претставници на бизнис заедницата, стручните училишта, и Центарот за стручно образование и обука.

Комората, во делот на образованието работи на две цели. Едната е да обезбедиме стручен кадар за потребите на компаниите, а втората цел е, да ја разбиеме предрасудата за неатрактивноста на стручното образование. Со рамноправно учество со Министерството за образование и наука во оваа кампања, направивме да се подигне степенот на атрактивност на стручното образование и преку социјалниот дијалог направивме да се дизајнираат токму такви програми кои му се потребни на бизнис-секторот. Но работиме и на тоа, бизнис секторот да се отвори и да прими ученици на практична обука каде ќе можат да стекнат стручни вештини. Резултат на тоа, е вклученоста на 211 компании во процесот на стручното образование. Комората помага во обезбедување ментори, лица вработени во компаниите кои ги водат учениците на практична обука низ работниот процес  и во верификацијата на компаниите за реализација на практичната обука. Комората, преку Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан, обезбеди грант од 3,5 милиона евра за модернизација на стручното образование, а средствата се обезбедени преку Германската развојна банка, истакна претседателот на Регионалната комора од Кичево при Стопанската комора, Игор Соколески.  

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, изјави дека денес повторно сме тука, сите инволвирани во овој проект, уште еднаш да ги доближиме ставовите и преку дијалог да најдеме решение за учениците, но и за компаниите кои гравитираат во овој регион. „Оваа учебна година во Кичево, нема ниту една дуална паралелка, но верувам дека оваа ситуација ќе се промени и дека училиштата и компаниите ќе најдат начин како започнат соработка и да ги привлечат учениците да бидат дел од дуалното образование, со што бенефит ќе имаат и работодавците и учениците, додека во Макдонски Брод има една паралелка од машинската струка“ додаде министерот Шаќири.

Градоначалниците на двете општини изразија максимална поддршка за реализација да дуалното образование и според податоците од министерството  има над 200 ученици кои своето образование оваа учебна година, одлучиле да го продолжат во здравствената, машинската, електро-техничката, правната и угостителската струка.

Со изнесената  бројка на ученици се надеваме дека наредната учебна година, ќе успееме да реалзираме настава во дуално образование, со што ќе им го трасираме патот на успехот на учениците кон подобра иднина, а на компаниите ќе им обезбедиме стручен и подготвен кадар, кој ќе може веднаш да се вклучи во производствениот процес.

Последни

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО НАУКАТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО ИНФОРМАТИКАТА И ГЕОНАУКАТА
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА
ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Улогата на коморите и бизнис организациите во креирањето на стручното образование и обука во Швајцарија
ОТВОРЕН ДЕН – ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР