19 април 2022

ПЕХАР ЗА УЧЕНИЦИТЕ ТОМЧЕ СТОЈКОСКИ И ЈАСМИН ЗЕЌИРОСКИ ОД СОУ „НАУМ НАУМОВСКИ – БОРЧЕ“, КРУШЕВО ПОД МЕНТОРСТВО НА ПРОФЕСОРКАТА ОЛИВЕРА КАРЕВА СКОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ГАСТРОНОМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ХРВАТСКА

На меѓународниот гастрономски фестивал и кулинарски натпревар „Бисер на морето“ (Бисер мора) што се одржува по 17-ти пат во Супетар, на островот Брач, Република Хрватска, учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, Томче Стојкоски (IV клас) и Јасмин Зеќироски (III клас) под менторство на професорката Оливера Карева Скола го освоија второто место во категоријата тимско натпреварување во подготовка на предјадење, главно јадење и десерт.  Во подготовките за учеството на натпреварот беше вклучен и Христијан Јорданоски, поранешен ученик на СОУ „Наум Наумовски Борче“, денес успешен гастроном, што покажува дека стручното образование е пасош за животот на младата единка, a финансиската помош за учество на натпреварот беше обезбедена од угостителските објекти: ресторан „Шапе“ Крушево, ресторан „Алтан“, Прилеп и хотел „Салида“ Прилеп, социјални партнери на училиштето, во кои учениците ја реализираат практичната обука. За учениците ова е пријатно искуство да се запознаат со врвни мајстори на гастрономијата и да ја имаат можноста за дегустација на храна со различна традиција, и со различни вкусови и бои доведени до совршенство.

Училиштето „Наум Наумовски-Борче“ на меѓународниот гастрономски фестивал „Бисер на морето“ учествува од 2011 година и секоја година, учениците беа меѓу наградените, во првите три места. Во 2019 година, на овој фестивал, учениците Бојан Седлоски и Давид Трајкоски под менторство на професорите Оливера Карева Скола и Љупчо Крстевски, го освоија првото место.

„Бисер на морето“ е гастрономски фестивал и кулинарски натпревар на професионални готвачи, слаткари, пица мајстори, како и на средни угостителски училишта и факултетите за туризам. Фестивалот оваа година се одржа од 8 до 12 април во организација на  Здружението на готвачи од медитеранските и европските региони (ШКМЕР).

На гастрономскиот фестивал „Бисер на морето“ се напреваруваат повеќе од 200 готвачи од над 20 земји, а е посетен од  илјада посетители, професионалци во гастрономијата.

Latest

Решение за акредитација на организатор на обуки за ментори за Стопанската комора на Северна Македонија издадено од МОН
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА ВО ДРЕКСЛМАЈЕР (DRÄXLMAIER) РАЗВИВА ВЕШТИНИ, ПОТТИКНУВА ИНОВАТИВНОСТ И ГИ НАДМИНУВА ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ
КОГА ТЕОРИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ ВО РЕК БИТОЛА
БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга