20 април 2024

ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА

Квалитетот на практичната обука зависи од правилно функционирање на триаголникот ментор во компанија, ученик и координатор за учење преку работа во стручно училиште. Затоа се потребни подготвени ментори кои го пренесуваат на наједноставен видлив начин своето знаење и искуство на учениците и ги обучуваат да ги стекнат стручните вештини и компетенции за квалификацијата која ја изучуваат на реално работно место, како и подготвени координатори за учење преку работа, кои ќе го подготват и организираат целокупниот процес на реализација на практичната обука и ќе и помага на учениците како да ја реализираат практичната обука. И се разбира, заинтересирани ученици кои одат на практична обука во компанија, а заинтересираноста, пред сè зависи од нивниот интерес и можности за квалификацијата за која се запишале, но и од посветеноста на менторот за нивна обука и од организираноста на процесот за практична обука на координаторот. Стручното образование и обука ги поврзува компаниите/ институциите на кои им треба стручен и квалификуван кадар и стручните училишта кои испорачуваат кадар со стручни вештини.

За таа цел, од 18-20 април, беше организирана тридневна обука на координаторите за учење  преку работа, која е дел од пакетот обуки за Програмата за координатори за учење преку работа. Програмата се состои од 5 модули: Стручно образование и обука и систем за вработување; Комуникација; Менаџмент и самоорганизација на процесот на учење преку работа; Релација на соработката на установите за стручно образование и компаниите и за ИТ професионален контекст на практичната обука.

На обуката присуствуваа 38 координатори од стручните училишта од државата, кои имаа можност да учат од искусни предавачи: Чедомир Димовски, Соња Ристовска, Ардијана Исахи Палоши и Ридван Зеќири. Во рамките на активностите за вмрежување,  учесниците имаат можност да учат едни од други за користење на ИТ алатките: Гугл драјв ( Google drive) Гугл формс (Google forms) и селфи УПР (Selfie WBL) од страна на Македонка Гуџирова Попова, Маја Салиу и Никола Лучески.

На обуката, од страна на претставник на Стопанската комора, беше презентиран порталот Пракса (https://praksa.mchamber.mk/), кој претставува алатка за вмрежување на компаниите и стручните училишта за реализација на практичната обука (дуален модел на образование, учење преку работа и феријална практика).

Со користење на порталот Пракса се овозможуваа:

  1. брза комуникација и транспарентност на процесот;
  2. подигање на атрактивноста на стручното образование и обука;
  3. афирмација на практичната обука на реално работно место за стекнување стручни и практични вештини кај учениците;
  4. олеснета соработката помеѓу училиштата и компаниите, но и за учениците и родителите преку преглед на настани, новини, успешни приказни во стручното образование, преглед на сертифицираните ментори и верифицираните компании за реализација на практична обука, како и на координаторите за учење преку работа и преглед на релевантната документација што го покрива стручното образование.

Latest

Решение за акредитација на организатор на обуки за ментори за Стопанската комора на Северна Македонија издадено од МОН
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА ВО ДРЕКСЛМАЈЕР (DRÄXLMAIER) РАЗВИВА ВЕШТИНИ, ПОТТИКНУВА ИНОВАТИВНОСТ И ГИ НАДМИНУВА ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ
КОГА ТЕОРИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ ВО РЕК БИТОЛА
БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга