16 мај 2025

СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ

Стручното образование и обука, својата фунционалност ја остварува само доколку теоретските знаења и стручните вештини станат практично применливи, а практичната применливост се согледува преку натпреварите на кои учениците решаваат проблемски задачи и изнаоѓаат соодветни креативни решенија користејќи го знаењето и вештините. Тоа игра клучна улога во интеграцијата на образованието и обуката за обезбедување стручни знаења, развој на вештини и компетенции, како и применливост на стекнатите знаења и вештини и вклучување во процесот на работа, со фокус на технолошките и работните процеси.

Практичната примена на знаењето и вештините учениците ја покажаа на 42-рите Државни натпревари од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Македонија што се одржаа на 8 и 9 мај во во СЕТУ на град Скопје „Михајло Пупин”.

На натпреварите учествуваа 20 средни стручни училишта во кои се изучуваат квалификации од секторите електротехника и информатички технологии, машинство и сообраќај, транспорт и складирање и вкупно 117 ученици и тоа:

  • 94 ученици од квалификациите со четиригодишно траење (IV ниво од НРК);
  • 6 ученици од  квалификациите со тригодишно траење (III ниво од НРК) и
  • 17 ученици кои на натпреварот учествуваа со одбрана на труд.

Натпреварите, на кои младите ги покажаа своите способности и иновативност во стручните области, беа поделени на два дела: теоретски дел каде се проверуваше стручното знаење на учениците и практичен дел во кој учениците со своите вештини и компетенции работаат на конкретна задача и на одбрана на стручен труд.

Свеченото отворање на натпреварите започна со обраќање на директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“, Димитар Ѓоргиев и претседателот на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Републиката (ЗЕМСУ), Душко Лазов, по што следуваа музички точки на ученици од СЕТУ „Михајло Пупин“.

Љубовта кон избраната професијата и посветеноста на учениците во постигнувањето на знаењето и вештините ги дадоа очекуваните резултати.

Во секторот ЕЛЕКТРОТЕХНИКА беа постигнати следниве резултати:

  • за квалификацијата Електротехичар за компјутерска техника и автоматика
    • првото место го освои Матеј Глигоријевски од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторите Јелена Поп Глигорова и Марија Крстевска;
    • второто место го освои Сердар Цветков од СЕТУ „Михајло Пупин” Скопје со менторите Софија Темкова, Поликсена Митева, Јелена С.Јосифовска и Иван Илијев, додека
    • третото место го освои Владимир Ѓерасимовски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола со менторите Илче Ацевски, Билјанка Христовска, Благица Богоевска и Пеце Петров.
  • за квалификацијата Електротехичар-енергетичар,
    • првото место го освои Кире Георгиев од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица со менторите Јосиф Буралиев и Ѓорѓи Данчев;
    • второто место го освои Наум Богдановски од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторот Тони Ристески, додека
    • третото место го освои Дамјан Тргачевски од СЕТУ „Михајло Пупин” Скопје со менторите Лидија Буровска, Антоние Оносимоски и Снежана Алексовска.

 

  • за квалификацијата Електротехничар за електроника и телекомуникации
    • првото место го освои Сергиј Алексовски  од СУГС „Владо Тасевски” Скопје со менторот Марија Стамболиева;
    • второто место го освои Сара Илоска од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид со менторите Сашо Ангелоски, Билјана Аврамоска и Душко Савески, додека
    • третото место го освои Дарио Петроски од ОСТУ „Гостивар” Гостивар , со менторот Александар Нанковски.

 

  • за квалификацијата Техничар за индустриска мехатроника,
    • првото место го освои Адријан Дине од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид, со менторите Билјана Ристоска, Душко Савески и Владо Јанкулоски;
    • второто место го освои Христијан Трајкоски од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп, со менторите Жанета Колевска, Сотир Митрикески и Сашо Спиркоски , додека
    • третото место го освои Леонид Тодоровски од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторите Новица Ѓорѓевски и Давор Јордановски.

Во секторот МАШИНСТВО беа постигнати следниве резултати:

  • за квалификацијата Машински техничар
    • првото место го освои Јован Гал од ОСТУ „Гостивар” Гостивар со менторот Паскал Ангелоски;
    • второто место го освои Аулон Билали од ОСТУ „Гостивар” Гостивар со менторот Есат Исеини, додека
    • третото место го освои Христијан Маковски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола со менторите Адријана Поповски, Маја Марковска и Снежана Досевска
  • за квалификацијата Машинско-енергетски техничар
    • првото место го освои Дамјан Чивлачки од СУГС „Владо Тасевски” Скопје со менторот Рајна Каевска;
    • второто место го освои Јован Доламовски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола со менторите Сузана Масларова, Биљана Лумбуровска и Жанета Ѓуровска, додека
    • третото место го освои Ива Диневска од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторот Предраг Додиќ.
  • за квалификацијата Машински техничар за моторни возила
    • првото место го освои Панче Апцев од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица со менторот Марјан Гоцевски;
    • второто место го освои Њемања Станковиќ од АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје со менторите Александар Георгиевски, Мирослав Цветковски, Неџат Мјаки и Суад Џемаили, додека
    • третото место го освои Дарко Миленковски од СОУ „Јосиф Јосифовски” Гевгелија со менторите Иван Шапкаров,Томе Џинов и Борче Нечевски.

 

  • за квалификацијата Техничар за компјутерско управување
    • првото место го освои Наум Сарафилоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид со менторите Меланија Јосифоска, Наташа Јанкоска Китани и Петар Пројкоски;
    • второто место го освои Андреа Златкова од СОУ „Коле Нехтенин” Штип, со менторите Борис Крлански, Венцислав Пане, Атанас Крстовски и Томе Коловски додека
    • третото место го освои Стефан Јованчевски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола, со менторите Петар Бошковски, Снежана Досевска, Маја Марковска и Маргарита Јосифовска.

 

  • за квалификацијата Техничар за производно машинство
    • првото место го освои Јана Василева од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид со менторите Стојан Новески, Владо Трајчевски и Наташа Јанкоска Китани;
    • второто место го освои Ѓорѓи Димитров од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица, со менторот Јасмина Стојанова, додека
    • третото место го освои Лео Наумовски од СУГС „Владо Тасевски” Скопје, со менторот Целе Пејоски.

 

  • за квалификацијата Автомеханичар
    • првото место го освои Марко Бранковски од АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје со менторот Азем Сејфула;
    • второто место го освои Берат Алили од ОСТУ „Гостивар” Гостивар со менторот Телат Жупани, додека
    • третото место го освои Бојан Каранфилоски од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп, со менторот Жарко Темелкоски.

 

Во секторот СОБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА  беа постигнати следниве резултати:

  • за квалификацијата Техничар за транспорт и шпедиција
    • првото место го освои Антонио Велинов од СУГС „Владо Тасевски” Скопје со менторот Драгиша Секулоски;
    • второто место го освои Тоше Николовски од СОУ „Гошо Викентиев” Кочани со менторите Љубинка Ристова, Златко Петрушов, Мики Јанев и Тоше Манасиев, додека
    • третото место го освои Теодора Тунеска од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп, со менторите Весна Петреска, Виолета Секулоска и Снежана Трајкоска.

 

  • за квалификацијата Техничар за патен сообраќај
    • првото место го освои Деспина Петреска од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп со менторите Весна Ѓорѓеска, Александар Николоски и Борче Јошески;
    • второто место го освои Ѓорѓи Димовски од АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје со менторите Александар Пупков, Снежана Б.Ристевска, Неал Абдули и Џениса Адеми, додека
    • третото место го освои Марина Трајчова од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица,, со менторот Ѓорѓи Петров.

Во делот на подготовка и одбрана на стручен труд беa постигнати следниве резултати:

Сектор ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

  • првото место го освоија учениците Кире Георгиев, Филип Митров и Александар Витанов од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица за изработен труд на тема: Робот за гаснење пожар. Нивни ментори беа Марија Мучева Георгиева и Надица Ристиќ;
  • второто место го освои ученикот Игор Димчевски, од СОУ „Коста Сусинов” – Радовиш за изработен труд на тема: Веб Фузија. Негов ментор беше Борче Алексов, додека
  • третото место го освоија учениците Мирче Дамјановски и Петар Петковски од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес, за изработен труд на тема: Робот за гаснење пожар. Нивниот ментор беше Марјан Малинов.

Сектор МАШИНСТВО

  • првото место го освои ученикот Петар Неделковски од СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје за изработен труд на тема: Дрон за снимање екстремни видео кадри. Негов ментор беше Елена Лентиќ;
  • второто место го освои ученикот Благојче Настевски, од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп за изработен труд на тема: Изработка на картинг возило „Ричко 1“. Негови ментори беа Трајанка Стојческа и Гордана Насеска.

Сектор СОБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА

  • првото место го освои ученикот Кристијан Постолов од СОУ „Гошо Викентиев” Кочани за изработен труд на тема: Транспортна бучава и заштита од бучава. Негов ментор беше Љубинка Ристова;
  • второто место го освоија учениците  Мартина Најдоска, Ивана Стеваноска и Ивона Ѓореска, од СОУ „Р.Р. Ричко” Прилеп за изработен труд на тема: Мал потег за големи промени. Невниот ментор беше Виолета Секулоска.

Latest

Решение за акредитација на организатор на обуки за ментори за Стопанската комора на Северна Македонија издадено од МОН
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА ВО ДРЕКСЛМАЈЕР (DRÄXLMAIER) РАЗВИВА ВЕШТИНИ, ПОТТИКНУВА ИНОВАТИВНОСТ И ГИ НАДМИНУВА ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ
КОГА ТЕОРИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ ВО РЕК БИТОЛА
БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга