30 октомври 2020

СО ВКЛУЧЕНОСТ НА КОМПАНИИТЕ ВО УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА – ДО ПОКВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И КАДАР

Со цел зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се поголем е интересот на компаниите да обучат ученици-идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка.

Согласно законската регулатива, компаниите кои имаат интерес да се вклучат во процесот на практично обучување на ученици, треба да имаат обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе го подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на ученици.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија во соработка со стручни лица, а по барање на компаниите организира обуки на ментори во компаниите. Целта на оваа програма е да се развијат знаења, вештини, способности, ставови и вредности, односно компетенции кои треба идните обучувачи (во натамошниот текст: ментори) да ги поседуваат за да можат да работат со ученици/учесници  кои изведуваат практична обука кај работодавач, вклучувајќи ги и компетенциите за работа со ученици/учесници со различна попреченост. Во Програмата е дефинирано што треба менторот да знае, да умее и да прави, за успешно да ја реализира педагошко-андрагошката и дефектолошката работа со учениците/учесниците кои се обучуваат кај работодавачот.

Преку оvаа програма, менторите се запознаваат со образовниот систем и местото на бизнисите во образованието и обучувањето, со карактеристиките на комуницирање со соодветната целна група, со начините на соработка со училишта и наставниците задолжени за практична обука како и со безбедноста при изведување на практичната обука.

По завршување на обуката за ментори односно по добивање на сертификат од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование,  компанијата треба да подготви документација за верификација на работодавач за спроведување на практична обука за ученици. После извршениот увид од страна на Стопанската комора на Македонија ќе изврши упис на компанијата во Регистарот за верификација на работодавачите за практична обука на ученици, согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот за верификација на работодавачите за практична обука на ученици („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/2008).

Една од повеќето компании кои се верифицирани од страна на Комората е компанијата КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, чија главна дејност е производство на кабелски снопови за автомобилска индустрија, која за прв пат е регистрирана во Скопје во 2011 година, а подоцна откако се изгради производната хала и започна производниот процес таа е пререгистрирана во индустриската зона Жабени, Битола.

Компанијата активно функционира веќе 8 години и тоа на 3 главни проекти: Mercedes (Vito и V – Class) и Audi A4, како и  проектот за Mercedes Sprinter, а во изминатиов период има успешно завршени 2 проекти за BMW, и тоа Mini Cooper и BMW X1.
Во изминатите години постојано расте бројот на вработените и во моментов компанијата има над 5500 вработени. Нивните активности и одговорности се распределени согласно организационата структурата која е поделена во 7 оддели: Производство, Квалитет, Логистика, Индустриски Инжинеринг, Човечки Ресурси, Финансии и ИТ. Производството  главно е мануелно и се работи на 25 производни линии и дополнителни зони за специјални операции.
Компанијата работи согласно најновите принципи на концептот за „Праволиниски Менаџмент“, „Континуирано подобрување“, „Оперативна усовршеност“ и многу други. Компанијата е успешно сертифицирана согласно стандардите ISO TS 16949 (IATF 16949: 2016 според последните измени) и ISO 14001 и ги поседува и сите други сертификати потребни за вршење дејност од автомобилската индустрија.

Во проектот Дуално образование се вклучи во 2019 година со што во соработка со Средното Општинско Техничко Училиште „Ѓорѓи Наумов“ и Делегацијата на Германското Стопанство во Македонија се оформи и првата паралелка од струката Техничар за Индустриска Мехатроника која моментално брои 11 ученици кои веќе започнаа со посетување на практична настава во компанијата. Во учебната 2020/21 година се запишани 10 ученици на истата струка.

Дополнително преку Стопанската комора на Македонија обучи и ментори за практичната работа со учениците во компанијата и комисијата за верификација на работодавачите за спроведување на практична обука за ученици од Стопанската комора на Македонија, направи увид во актите за основање и работење на друштвото, во сертификатите за завршена обука за ментори во компании, како и увид на лице место на работните простории и констатира дека истото, согласно критериумите за верификација на работодавачите и во септември 2020 година на КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола им се издаде Решение за верификација на работодавач за реализација на практична обука на ученици.

Новоста во проектот за Дуално образование за разлика од класичниот систем на образованието е тоа што учениците во КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола ќе посетуваат практична настава во посебно опремен кабинет во склоп на фабриката каде сѐ она што теоретски ќе се изучува во училиште практично ќе биде усовршено во компанијата под менторство на специјално обучени ментори. Практичната настава според образовниот план е предвидена за посетување од учениците од втора, трета и четврта година. Покрај техничките знаења со кои учениците ќе се стекнат, компанијата КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола ќе се посвети и кон нивно развивање и изградување во професионалци кои дополнително ќе се запознаат со условите и начинот на работа во една компанија која работи по светски стандарди. Целта поради која КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола се вклучи во овој проект е да придонесе кон развивање и потпомогнување на образовниот систем бидејќи како општествено одговорна компанија приоритетите на КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола се придонес кон развој на образованието и здравството.

Последни

ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО
САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО – СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – РАЗВИВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА КАДАРОТ И ПОДИГАЊЕ НА НИВОАТА НА ВЕШТИНИТЕ И СПОСОБНОСТИТЕ
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: СЕКОЈ НАШ УЧЕНИК ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ СТАНУВА НАШ КОЛЕГА