25 мај 2022

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ОД ПРИЛЕП ГИ ПРЕТСТАВИ СВОИТЕ АТРАКТИВНИ КВАЛИФИКАЦИИ ПРЕД ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ

Непосредно пред големиот празник на Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп, организираше Отворен ден во просториите на училиштето. Во холот на училиштето беа поставени промотивни штандови за сите струки/сектори.  Посетителите имаа можност, непосредно, во разговор со наставниот кадар и со учениците да се запознаат со дејноста, како и со долгогодишната традиција, мисија и визија на СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп.

Отворениот ден беше наменет за деветтооделенците од основните училишта во Р.С.Македонија и нивните наставници, но и убава можност за сите што сакаа да се запознаат со програмите и струките на училиштето. Во СОУ „Горче Петров“ има две дуални паралелки: една од текстилен сектор, а другата рударско-геолошкиот сектор.

На отворениот ден беа присутни и претставници од компаниите со кои соработува училиштето, кои исто така имаа можност да ја презентираат дејноста со која се занимава компанијата со цел да се доближат до учениците и да ја предизвикаат нивната заинтересираност за запишување на соодветна квалификација што ја нуди училиштето.

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ОД ПРИЛЕП ГИ ПРЕТСТАВИ СВОИТЕ АТРАКТИВНИ КВАЛИФИКАЦИИ ПРЕД ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ  

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА