21 февруари 2024

СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ

Концептот на дуално образование претставува успешен начин за поврзување на теоријата и праксата, можност младите да стекнат применливи знаења и соодветни вештини во реални услови на работни места, а за компаниите – можност за идни квалификувани кадри. Овој процес е од исклучителна важност како за учениците, компаниите и општините, така и за целокупниот раст и развој на државата.

СОУ„ Богданци“ од Богданци ги препозна придобивките од дуалниот концепти претставува успешна приказна кога станува збор за имплементација на истиот. Показател за тоа е постојаниот пораст на бројот на ученици што се зашишуваат во ова стручно училиште.

Својот почеток го бележи со две дуални паралелки од 34 ученици за квалификации во секторите градежништво и геодезија и текстил, кожа и други производи, во учебната 2021/2022 година. Денес училиштето има 12 паралелки со 200 ученици кои реализираат наставни планови со зголемен број часови по практична обука за квалификации во секторите: електротехника; здравство и социјална заштита;  сообраќај, транспорт и складирање; градежништво и геодезија и текстил, кожа и други производи.

Една од клучните институции за реализација на овој концепт е Стопанската комора која овозможува едукација на обучени и искусни ментори со цел поддршка и квалитет во реализацијата на практичната обука на учениците во компаниите и верификација на компаниите за практична обука.

„АБА  ПЕЛИВАНОВ“ од Фурка е една од компаниите која што ги согледа можностите од концептот на дуалното образование за создавање сопствен кадар и ги отвори вратите за учениците за стекнување кавалификација од секторот електротехника. Преку реализација на програмата „Учење преку работа кај работодавач“ и активно учество на компанијата, учениците стекнуваат знаења и вештини од областите: електрични инсталации, улично и дворно осветлување, климатизација, сервисирање на бела техника и сл.

 

 

Училиштето има деловна соработка и со здравствените установи во кои учениците реализираат практична обука за квалификацијата медицинска сестра од секторот здравство и социјална заштита. Една од целите на учењето преку работа кај работодавач беше постигната токму со посетата на ПЗУ „Жан Митрев Дијагностик“ , Струмица, здравствена установа со која соработуваме и во која учениците имаат можност да ги видат работните задачи и услугите кои што ги нуди оваа установа. За време на посетите вработените/ менторите преку постојана едукација и стручни предавања  ги запознаваат учениците  со работата и организацијата на здравствената установа, имаат можност да видат голем број на современи дијагностички апарати кои се користат во современата медицина ( компјутерска томографија, мамографија, рендген дијагностика, ехокардиографија , дензитометрија и сл.) и како се работи со нив.

Овој начин на соработка со компаниите  резултира со големи придобивки за сите вклучени страни. Од една страна, учениците ги стекнуваат потребните вештини и компетенции како стручни кадри, подготвени  да се пласираат на пазарот на труд, а од друга страна, компанијата е прва во контакт со учениците-потенцијалните кадри и може веднаш да ги вклучи во работниот процес.

Придобивките од дуалното образование, како новитет во работењето на компаниите и креирањето на работни места за квалификувани млади, отвара нови можности и перспективи за нашата заедница, но и обврски на сите нас, како чинители во овој процес!

Последни

ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО
САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО – СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ