20 април 2022

ПРОДОЛЖУВААТ НАСТАНИТЕ ЗА КАМПАЊАТА “УЧИ ПАМЕТНО, РАБОТИ СТРУЧНО”

Во рамки на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада и проектот Образование за вработување во Северна Македонија, како и Стопанската комора на Северна Македонија, на 16.02.2022 година беше организиран отворен ден за стручните училишта и компаниите од општините Штип, Пробиштип и Свети Николе, а настанот се одржа во Општина Штип.

Целта на овие настани е да се искреира уписната политика за претстојната учебна 2022/2023 година, која ќе биде по мерка на компаниите.

Преку овој социјален дијалог, минатата година, Министерството за образование и наука со поддршка на коморите, успеа да воспостави 94 дуални паралелки, во 46 средни стручни училишта, кои соработуваат со околу 200 компании и овозможуваат практична обука на учениците, споредбено со предходната учебна 2020 година, кога имаше само 10 дуални паралелки.

На настанот присуствуваа и тројцата градоначалници од овие општини, а свое обраќање имаше домаќинот, градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов, кој  се обрати до присутните: “Размислувањето дека имаме потреба од дуален систем на образование за да обезбедиме поголема флексибилност на образованието, кога е во прашање приспособувањето на потребата на пазарот на работна сила, во последните години се покажа како апсолутна вистина. Според овој начин на образование, ќе ги модернизираме образовните програми и ќе дизајнираме нови квалификации според економските и технолошките потреби на бизнис секторот.”

Покрај градоначалниците, свое учество на средбата зедоа и заменик министерот за образование и наука, г-дин Лулзим Алиу, којшто во своето обраќање истакна дека го радува фактот што интересот на компаниите да се вклучат во овој процес е огромен, а тоа значи дека заеднички и одговорно ја враќаме атрактивноста и вредноста на средното стручно образование, како и директорот на Центар за стручно образование и обука, г-дин Шериф Мифтари.

Во име на Стопанската комора на Северна Македонија, свое излагање имаше г-ѓа Наташа Јаневска, експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување, која ги презентираше активностите што ги презема Комората во делот на образованието. Јаневска истакна дека Комората од 2016 година има конзистентен став дека дуалното образование е најефикасниот начин за обезбедување кадар за компаниите. Зголемувањето на бројот на компаниите вклучени во стручното образование ја покажува посветената работа на Комората во делот на образованието.

Вакви настани се планирани да се одржат во 17 општини низ државава.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА