9 април 2024

ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО

Клучен сегмент во секојдневното работење на компаниите е да имаат вистински луѓе на вистинско работно место, што придонесува за продуктивноста на организацијата, но и за задоволство на вработените. Стручното образование и обука преку реализација на учењето преку работа на реално работно место, придонесува за градење на капацитети и продуцирање соодветен стручен кадар, затоа што овозможува учениците да се стекнат со практични вештини, да ја разберат теоријата и да се поврзат со реалниот свет. Учењето преку работа е процес кој ги поврзува образовниот и реалниот сектор и придонесува за:

1. Подготвувањеза реални ситуации: Учењето преку работа им овозможува на учениците да ги искусат реалните работни ситуации и предизвици и да се подготват за својата идна кариера.

2. Развивање на вештинии подобрување на самодовербата: Учењето преку работа ги развива практичните и меките вештини на учениците за да бидат подготвени за работните процеси или за секојдневниот живот и им дава поголема самодоверба која е важна за успешното справување со предизвиците во животот.

3. Зајакнување наврскитесо индустријата: Учењето преку работа ги поврзува учениците со индустријата и потенцијалните работодавци што помага: на работодавците да ги подготвуваат учениците според нивните работни процеси, а на учениците да изградат мрежа на контакти и да добијат информации за пазарот на труд.

4. Развивање на кариерните можности: Учењето преку работа да им помага на учениците да ги искусат различните аспекти на работата и да ја изберат својата кариера или професија.

5.Поврзување со потребите на пазарот на трудот:Учењето преку работа им овозможува на учениците да се запознаат со барањата и потребите на пазарот на трудот и подобро да се подготват за идните деловни предизвици.

Овој процес беше препознат од компанијата „Сварог“ ДООЕЛ, Прилеп, која во соработка со СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп, им овозможува на учениците од машинска струка, практичниот дел од наставата да го реализираат во нивната организација.

За квалитетна реализација на учењето преку работа, компанијата е верификувана за реализација на практична обука на ученици и поседува сертифициран ментор кој ги води учениците низ целиот процес. Обуката за менторот и верификацијата на компанијата ја спроведе Стопанската комора.

Компанијата „СВАРОГ“ ДООЕЛ, Прилеп, се занимава со услуги, производство, дизајн и машинска обработка на различни машински компоненти и производи од метал (железо, алуминиум, бакар, месинг, алатни челици), материјали од пластика, бакелит, плексиглас и други материјали. Активностите и услугите на компанијата опфаќаат: стругање и глодање на ЦНЦ машини; сечење и гравирање на хибриден ласер, општи дреарски работи (стругање и глодање) на универзални дребонзи и фрези; термичка обработка и слични машински работи и услуги.

Последни

ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО
САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО – СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ