23 ноември 2023

ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Следува уште една успешна приказна. Бројката на ученици кои се запишуваат во стручното образование од година во година расте и оваа учебна 2023/2024 година се запишаа 2/3 од завршените полуматуранти. Расте и бројката на компании вклучени во стручното и дуалното образование која доестигна до 540 компании. Покрај останатите активности на Стопанската комора, резултат за ова беше и дигиталниот саем за поттикнување на младите деветто одделенци за упис во средните стручни училишта. Линк:  https://www.youtube.com/embed/d4DaYYFPV4Q

Компанијата КАЗ ГРУП ДОО, Илинден, реномиран производител на делови за водоводни инсталации во регионот со развиена продажба на домашниот и странскиот пазар, активно е вклучена во процесот на реализација на практична настава за учениците од средното стручно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје. Дуалната образовна програма им овозможува на учениците реализација на практичната настава со цел да се стимулираат за понатамошни работни активности и запознаат со самиот процес на работа, а на компанијата изградба на стручен кадар.

Катерина Илиоска, менаџер за човечки ресурси во компанијата, истакнува дека на взаемно задоволство, со претставниците од СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје, имаат одлична меѓусебна комуникација, соработка и организација во остварување на дуалната образовна програма и практична работа. Компанијата и понатаму ќе се стреми кон транспарентност, доверба и почит, а склучениот Меморандум за соработка само ја офијализирала нивната соработка.

Практичната обука во компанијата ја вршат сертифицирани ментори со долгогодишно искуство од дејноста, кои исто така и издаваат соодветни потврди за извршување на успешноста на практичната настава за работното место каде ја вршел ученикот.

Во компанијата реализираат практична настава и во текот на летниот распуст, а за најуспешните ученици следуваа благодарници за постигнат успех и продуктивност во извршување на практичната настава и парични средства.

„Моето лично мислење, како одговорно лице за човечки ресурси, за овој вид на практична настава во компаниите, докажува постоење на обостран бенефит кој што има директно влијание на растот и развојот на кадарот во државата на долг рок, со што ќе ни овозможи на нас, квалитетен избор на кандидат за вработување во иднина.

Топла препорака до сите млади коишто сакаат своето образование да го насочат кон производствените машински дејности во иднина и сегашните ученици кои сакаат да ги прошират своите знаења стекнати во текот на образованието, да се охрабрат и да побараат од своите професори да им се овозможи практична настава во компаниите, сè со цел за полесно вработување во иднина“.

Последни

ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО
САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО – СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ