27 октомври 2022

ПРАКТИЧНАТА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА КВАЛИФИКУВАЊЕ НА СТРУЧЕН КАДАР

– Брако ДОО Велес придонесува за подобрување на квалитетот на стручното образование каде преку практична настава се обучуваат идни заварувачи и техничари

Во економско развиена земја од голема важност е бизнисот и образованието да бидат во нераскинлива врска,  со цел успешно градење на капацитетите на образованието и продуцирање на соодветен стручен кадар. Еден од моделите за вклучување на бизнис заедницата во образованието е практичната обука во компанијата,  што всушност преставува предуслов за квалификување на кадарот во компаниите. Квалитетен кадар, или поедноставено кажано – да се има прави луѓе на право работно место, секако е најзначаен клучен сегмент, како за задоволство на вработениот така и за самата продуктивност на организацијата.

Голем дел од реалниот сектор во Република Северна Македонија го препознаа овој факт и склучија меморандуми за соработка со  средните училишта и  на учениците им се овозможи практичниот дел од наставата да го реализираат во компаниите. Од друга страна  на компаниите им се овозможи преку Стопанската комора на Северна Макеодонија да обучат стручно лице – ментор кој ќе ги води учениците низ целиот процес во компанијта и да се верифицираат како  компанијата за изведување на практична настава.

Брако ДОО Велес е верификувана компанија од страна на Комората за реализација на практична обука на ученици и компанија која  континуирано вложува и придонесува за подобрување на квалитетот на стручното образование. Има  потпишан меморандум за соработка со ССУ „Коле Неделковски“ – Велес, каде практикантите, кои воедно се и нивни потенцијални идни вработени, при практичната обука ги имаат на располагање сите нивни капацитети, соодветни простории, опрема, како и стручно обучен кадар кој непречено се грижи за нивната практична обука како дел од наставната програма. Учениците кои се запишани на смеровите „техничар за производно машинство“ и „заварувач“, преку практичната настава дознаваат како изгледа производството во една фабрика: од влезна суровина, текот на производниот процес, до финален производ. Притоа, се обучуваат да ја применуваат и најсовремена технологија која компанијата редовно ја обезбедува во своите погони.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА