30 јуни 2021

ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНО ЧЕТИРИГОДИШНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк) и Европската фондација за обука (ETF), Центарот за стручно образование и обука подготви Концепт за учење преку работа кој е донесен од Министерството за образование и наука во април 2020 година.

Концептот се однесува и е поддршка на воведувањето на реформираното четиригодишно (техничко) образование и обука кое со учениците од прва година започна да се реализира во учебната 2019/2020 година.

Учењето преку работа е учење кое е реална работа и е директно поврзано со производството на стоки и услуги. Дополнително, учењето преку работа е платформа за надградба на знаењата на младите која во голем број на развиени земји создава генерации на стручни и вработени лица.

Се очекува дека овој вид на учење и неговата квалитетна реализација во соработка меѓу училиштата и работодавачите ќе излезе во пресрет на образовните и кариерните потреби на младите лица вклучувајќи и самовработување, како и потребите на економијата за квалификуван и конкурентен кадар.

Концептот е достапен на веб-страните на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, на линковите подолу:

http://mon.gov.mk/stored/document/Koncept-za-ucenje-preku-rabota.pdf

http://csoo.edu.mk/pocetna/istrazuvanje/koncepcii/

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА