19 јули 2023

НАЈДОБРИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ – ИДЕН КОМПЕТЕНТЕН КАДАР ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

Еден златен, еден сребрен и два бронзени медали за македонските средношколци на Интернационалната математичка олимпијада

 Денес, сѐ почесто зборуваме за грешките во образованието, но ако се насочиме кон развивање на талентот и вештините на учениците, наместо да бидеме заглавени во стапицата на просто меморирање на бројки и  факти, успехот е неизбежен. Колку  ваквиот пристап е корисен, покажаа и резултатите што ги освоија македонските средношколци, учесници на 64-тиот, по ред, најпрестижен математички натпревар за ученици од средните училишта – Интернационалната математичка олимпијада (ИМО 2023).

На олимпијадата, која годинава се одржа од 2 до 13 јули во Чиба, Јапонија, средношколецот Дамјан Давков го освои златниот медал,  Алексиј Тасиќ – сребрениот, Никола Цветановски и Никола Спировски – бронзениот  медал,  додека  средношколците Јан Стојановски и Бранко Јангеловски освоија пофалници.

Резултатите на оваа олимпијада беа надоградување на резултатите од 27-мата Јуниорска балканска математичка олимпијада која се одржа во јуни, во Тирана, и на 40-тата Балканска математичка олимпијада, која се одржа во мај, во Турција.

На 27-мата Јуниорска балканска математичка олимпијада,  Дамјан Давков освои златен медал, а нашата земја  беше единствената земја што освои златен медал со максимален број на поени. Покрај златниот медал, Ивано Божиновски освои сребрен медал, а Андрија Младеновиќ, бронзен медал, додека на 40-тата Балканска математичка олимпијада, златниот медал го освои Никола Спировски, сребрениот Дамјан Давков, а бронзените – Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Ова не се единствени примери за успех на нашите средношколци, а освоените резултати на вакви меѓународни натпревари треба да бидат водич на креаторите на образовните политики, како и на професорите, фокусот во образовниот процес да го ставаат на развивање на можностите и талентот на секој ученик индивидуално, како и на вештините за критичко размислување и креативно решавање на проблеми и инклузивност на стекнатите знаења во нивната применливост во секојдневниот живот. Простото меморирање на податоци и факти како што беше случај досега треба да се остави во минатото. Најзначаен фактор за тоа, е изборот на долгорочни образовни политики, базирани на квалитетни методолошки анализи и квалитетни човечки капацитети за реализација и имплементација на таквите политики.

Последни

ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО
САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО – СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ