29 септември 2022

МЛАДИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Средното училиште „Нико Нестор“ од Струга на 23.09.2022 година, во присуство на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, и директорот на Нароодна техника,  Перо Митев, беше домаќин на едукативната изложба на школата за истражувачки и иновативни проекти на наградените ученици од средните училишта од одржаниот 58 државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија 2022.  Ваквите ученички натпревари се важна воннаставна активност што ги надградува знаењата и вештините на младите од државата. Преку натпреварите учениците се стекнуваат со поголеми искуства во одредена област, го зајакнуваат натпреварувачкиот дух и поставуваат цврсти темели во остварувањето на своите соништа.

СОУ „Нико Нестор“ како училиште, дава целосна поддршка на ваквите настани, затоа што смета дека ваквите ученици, учесници на натпревари, го издигнуваат образованието во нашата држава на едно повисоко ниво. Глетката во училишниот двор, опколена од  млади ентузијасти кои своите проекти ги претставија во најдобро светло, изобилуваше со позитивна енергија, насмевки и набљудувачи. Учениците разменија вештини кои поттикнаа зајакнување на нивните знаења од областа на применети природни и технички науки.

Во таа прилика, СОУ „Нико Нестор“ упати честитки до организацијата на Народната техника која годинава го одбележува својот 75 – годишен јубилеј на постоење. Училиштето се надева на поголеми соработки и проекти во иднина!

Latest

Решение за акредитација на организатор на обуки за ментори за Стопанската комора на Северна Македонија издадено од МОН
УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА ВО ДРЕКСЛМАЈЕР (DRÄXLMAIER) РАЗВИВА ВЕШТИНИ, ПОТТИКНУВА ИНОВАТИВНОСТ И ГИ НАДМИНУВА ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ
КОГА ТЕОРИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТ ВО РЕК БИТОЛА
БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга