6 мај 2022

ИДНИНА ЗА МЛАДИТЕ, НО И МЛАДИ ЗА ИДНИНАТА ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

Како до повеќе практичнa обука на учениците во компаниите, на самото работно место и во реалниот работен процес?

Теоријата е важна, но ако нема практична обука, знаењето нема да има применлива вредност. Практичната обука во компанија е процес на учење и стекнување искуство во реална работна среднина во која учениците ги развиваат практичните вештини и стручни компетенции, како и меките вештини работејќи со специфични алатки, средства, направи и уреди и имаат можност теоријата што ја стекнале на училиште, практично да ја видат и применат, со почитување прописи и стандарди.  Затоа практичната обука во компанија е задолжителен дел од процесот на образованието на младите во стручните училишта и алатка за поефикасна транзиција „од училишната клупа на работното место“ и поефективна адаптација при вработувањето.

Но само со квалитетно менторство во компанијата ќе имаме успешна практична обука. Позицијата ментор во компанија  има исклучителна важност во едукацијата на учениците и нивната стручна подготовка од кои најмногу зависи успешниот настап на младите на пазарот на трудот. Менторите ги водат учениците низ работниот процес, ги запознаваат со организациската структура на компанијата, им го пренесуваат своето практично искуство и ги развиваат нивните стручни вештини специфични за работните задачи, но и меките вештини како одговорност, посветеност, чувство за припадност, донесување одлуки, тимска работа.. Со менторот, компанијата е сигурна дека учениците имаат постојан надзор додека престојуваат во компанијата и дека ќе бидат подготвени според спецификата на работење на компанијата.

Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со министерството за образование и наука реализираа серија обуки за ментори од 220 мали, средни и големи приватни претпријатија од 8-те региони, кои поминаа специјализирана тридневна обука со фокус на различни модели на обезбедување поддршка на учениците и нивно воведување во работниот процес.

Обуките за ментори ги поминаа 177 претставници на компании – ментори кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на средното стручно образование на учениците, а од нив 56% се жени – менторки од традиционални сектори како машинство, електротехника, хемија, технологија…

Активноста е дел од проектот за премостување на јазот кај новите вештини за креирање нови и подобри работни места реализиран од УНДПМК, а финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје.  (#Skills4future #skillnext #UKinMK #LeavingNoOneBehind).

За улогата на стручното образование и обука и менторот во компанија во текстилната индустрија повеќе ќе дознаете од видеото во текстот.

 

Наташа Јаневска м-р

м-р Наташа Јаневска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување

Последни

ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО
САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО – СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ