21 април 2022

ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА ОД РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ВЕШТИНИ ЗА ИДНИТЕ РАБОТНИ МЕСТА“

Променливи вештини за свет што се менува беше темата на вториот ден од конференцијата „Вештини за идните работни места“, каде беа презентирани глобалните двигатели на промените, трендовите кои го обликуваат пазарот на труд и потребите на истиот, влијанието на промените од транзицијата во земјите од развој, како и потребите од вештини во иднина.

Преку споделување на добри практики и искуства од швајцарскиот систем и нивните заложби за ориентирање на стручното образование и обука и образованието на возрасните кон потребните вештини во иднина, беа презентирани клучните фактори за успех, а особено внимание се посвети и на тоа како реагираат возрасните во стекнување на вештини преку процесот на доживотно учење. Оваа сесија беше основа за следните панел дискусии: „Стручно образование и обука и образование за возрасни во Балканските земји“ и „Нови дигитални решенија во стручното образование и обука“, кои ги презентираа иновативните пристапи и различните дигитални решенија базирани на истражувања од европски проект за надминување на дигиталниот јаз преку примери од поедноставни дигитални алатки за учење до технолошко понапредни решенија.

Земјите од Југоисточна Европа се соочуваат со исти потешкотии и предизвици за кои неминовна е поголема вклученост на приватниот сектор во креирањето и имплементацијата на образовните политики, изјави м-р Михајло Донев, в.д. оперативен директор за развој иновации и знаење при Стопанската комора на Северна Македонија.
„Од особено значење е сите засегнати страни да бидат свесни дека дигитализацијата не е опција, туку потреба, затоа дигитализацијата и информациско-комуникациските технологии треба да се гледаат како составен дел на секој сектор, а од новата генерација на кадар се очекува да располагаат со сет на вештини кој претставува комбинација од технички вештини, ИКТ и дигитална писменост, меки вештини, но и фокус кон критичко размислување и решавање на проблеми, бидејќи знаењето без практична имплементација не води до создавање на додадена вредност. Затоа улогата на Комората како глас на бизнис заедницата е особено важна за забрзување на процесите, бидејќи понудата на работни места и побаруваните вештини се пазарно движечки компоненти кои бараат брза и соодветна реакција од системот“ беа заклучните зборови на оперативниот директор Донев на завршетокот на конференцијата.

„Како ќе изгледа иднината зависи од тоа колку ние ќе придонесеме во нејзиното подобрување“

Последни

ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО
САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО – СПОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И РЕАЛНИОТ СЕКТОР
СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ