7 март 2023

ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ПРОЕКТОТ УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА

– Македонски Железници Инфраструктура преку проектот учење преку работа обезбедува стручно квалификуван кадар-
ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ПРОЕКТОТ УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТАКликни за повеќе

Со цел зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се поголем е интересот и на јавните инстутуции да обучат ученици-идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка.
Согласно законската регулатива, претпријатијата кои имаат интерес да се вклучат во процесот на практично обучување на ученици, треба да имаат обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе го подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на ученици.

По завршување на обуката за ментори односно по добивање на сертификат од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование, компанијата треба да подготви документација за верификација на работодавач за спроведување на практична обука за ученици. После извршениот увид од страна на Стопанската комора на Македонија ќе изврши упис на компанијата во Регистарот за верификација на работодавачите за практична обука на ученици, согласно Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот за верификација на работодавачите за практична обука на ученици („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/2008).

Една од јавните претпријатија на РСМ, кои се верифицирани од страна на Комората е ЈП ЖРСМ Македонски Железници Инфраструктура, претпријатие давател на услуги и е во сопственост на Република Северна Македонија и на неа не може да се стекнува право на сопственост.
Железничка инфраструктура е единствен техничко-технолошки систем од железнички пруги со горен и долен строј, колосеци, ранжирни станици, објекти на пругите, железнички станици, објектите на електрична влеча на возови, сигналносигурносните системи, комуникациските и информационите системи во железничкиот сообраќај, згради, депоа и други градежни објекти на железничките станици кои се во функција на организирање, регулирање на железничкиот сообраќај и одржување на инфраструктурата, земјиштето кое функционално и припаѓа на пругата, службените места и објектите.
Управувањето со изградбата, реконструкцијата, ремонтот, одржувањето, заштитата на железничката инфраструктура, организирањето и регулирањето на железничкиот сообраќај, раководењето со системите за регулирање и сигурност, доделување на инфрастуктурните капацитети како дејности од јавен интерес, ги врши Јавното претпријатие за железничка инфраструктура или друго правно лице на начин и под услови утврдени со Закон.
Железничкиот сообраќај се врши како внатрешен и меѓународен железнички сообраќај, на начин и под услови утврдени со Закон.
Меѓународниот железнички сообраќај се врши во согласност со меѓународните договори кои Република Северна Македонија ги има ратификувано и кон кои пристапила.

Краток историјат на Железниците во Македонија
Во 1873 година заврши изградбата на делот од првата железничка линија во Македонија и на 9 август истата година во Скопје свечено бил пречекан првиот воз што пристигна од Солун. Во тоа време тоа беше најмодерно сообраќајно средство и биле создадени услови подоцна Македонија да биде поврзана со железничката мрежа на Средна и Западна Европа и заедно со тоа да дојде до поинтензивен контакт со европската култура.
Брзо по пуштањето во сообраќај на линијата Солун – Скопје, во 1874 година, Скопје било поврзано со железничка линија со Косовска Митровица. Пуштањето во сообраќај на првата линија во Србија (1884 година) од Белград до Ниш и нејзиното продолжување од Ниш до Врање (1886) линијата Солун-Скопје била продолжена до турско-српската граница во тоа време, така што во 1888 година била воспоставена врска меѓу македонската железница и централната и западната железничка мрежа во Европа.

Во своето 150 годишно искуство и со околу 1000 вработени, Железници не престануваат да обучуваат нови кадри за своите работни позиции и затоа активно се вклучија и во проектот учење преку работа, склучувајќи Меморандум за соработка со стручното училиште СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, од каде секојдневно им доаѓаат ученици, а со нив работотат обучени ментори.
Задоволството од двете страни е на високо ниво бидејќи по самото завршување на средното стручно образование учениците ќе најдаат соодветно вработување, а институцијата веќе одлично обучен кадар.

Последни

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО НАУКАТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО ИНФОРМАТИКАТА И ГЕОНАУКАТА
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА
ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Улогата на коморите и бизнис организациите во креирањето на стручното образование и обука во Швајцарија
ОТВОРЕН ДЕН – ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР