18 мај 2022

OТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА ЗА ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ

апочна втората фаза од кампањата “Учи паметно, работи стручно“ преку која младите деветтоодделенци ќе се запознааат со предностите на стручното образование кое претставува пасош за иднината на младите.

Кампањата „Учи паметно, работи стручно“, веќе втора година по ред, се спроведува од страна на  Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“ со цел подигање на атрактивноста на стручното образование, како образование, кое обезбедува подобра иднина за младите во нашата земја.

Во рамките на кампањата, после првата фаза, кога преку социјалниот дијалог помеѓу стручните училишта, локалната самоуправа, коморите и реалниот сектор беа детектирани потребите за стручен кадар на регионално и локално ниво, се креираше уписна политика според потребите на реалниот сектор, се поттикна модернизација на образовните програми за квалификации и поголема вклученост на компаниите за реализација на практичната обука, во втората фаза, ќе се врши промоција на стручното образование. Во оваа фаза, средните стручни училишта ќе организираат отворени денови за идните средношколци запознавајќи ги со струките/секторите и профилите/квалификациите кои ги нудат, но и со предностите на стручното образование, како и со компаниите со кои имаат воспоставено соработка за реализација на практичната обука како најсоодветна можност за стекнување стручни вештини кај учениците на реално работно место. Во рамките на кампањата, компаниите ќе имаат можност пред деветтоодделенците да ги промовираат своите работни процеси, опремата, услугите и производите со цел да ги поттикнат завршените полуматуранти да се запишат за соодветната квалификација потребна на компанијата.


Во рамките на првата фаза од кампањата беа организрани 17 регионални средби во кои беа опфатени 33 града од државата, а во рамките на втората фаза, до крајот на месец мај, отворени денови за полуматурантите во стручните училишта ќе се организираат во 16 градови.

Настаните за промоција на стручното образование придонесоа за подигање на атрактивноста на стручното образование и зголемување на бројката на запишани ученици, а со тоа да се стави крај на предрасудите кои беа врзани за стручното образование.

Стручното образование нуди просперитетна иднина затоа што ја олеснува транзицијата на учениците од училишната средина на реално работно место, вработување по нивното завршување во компаниите каде ја реализирале практичната обука, но и можност за понатамошна академска наобразба на високообразовните институции.

Прво училиште кое ги отвори вратите за полуматурантите беше СУГС „Димитар Влахов“, а на промотивниот настан присуствуваше и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Последни

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА
ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО НАУКАТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО ИНФОРМАТИКАТА И ГЕОНАУКАТА
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА
ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Улогата на коморите и бизнис организациите во креирањето на стручното образование и обука во Швајцарија
ОТВОРЕН ДЕН – ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани