12 декември 2023

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА

Дуалното образование преку реализацијата на практичната настава на реално работно место е важно за успешната иднина на секој ученик и решение за обезбедување кадар за реалниот сектор и намалување на невработеноста кај младите. Ваквата комбинација на теоретски знаења кои се стекнуваат на училиште и стручни знаења и вештини кои се стекнуваат во компанијата придонесува за развој на квалитетни практични вештини кои ги бараат работодавците.

 

„Заложбата за квалитетна практична настава датира од пред 20 години, во која  ентузијастички влеговме во целата приказна заедно со автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“, Скопје, и со текот на годините се покажа дека и компанијата и учениците може да имаат голем бенифит“, вели Васил Стамболиски, регионален менаџер за обука и претставник за квалитет во компанијата „Еуроимпекс“ ДОО, Скопје.

Соработката со „Еуроимпекс“ ДОО, Скопје, чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија и стручното училиште се остварува за квалификациите: машински техничар за моторни возила и техничар за возила на алтернативен погон. Ваквиот начин на соработка: компанија-училиште-ученик резултира со големи придобивки за сите вклучени страни. Од една страна, учениците излегуваат како готови и практично обучени кадри кои се конкурентни на пазарот на труд, а од друга страна, компанијата е прва во контакт со истите и може веднаш да ги инволвира во секојдневното работење.

 

Според Стамболиски, како резултат на вклученоста на учениците во работните процеси во компанијата при реализација на практичната работа, често пати се случува учениците да бидат подобри кога ја реализираат практичната обука и се стекнуваат со стручни знаењаи вештини, отколку кога треба да ги постигнат теоретските знаења во училишните клупи.

 

 

Првенствено учениците треба да го прифатат предизвикот и да сакаат да се насочат кон одредена квалификација, бидејќи компаниите секогаш се тука, подготвени за соработка во делот на стручното образование.

Доколку се креираат адекватни политики за стручното образование, стипендии за учениците и поголема промоција на средното стручно образование, полека ќе почнат да се движат работите во позитивна насока.

 

 

Последни

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО НАУКАТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО ИНФОРМАТИКАТА И ГЕОНАУКАТА
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА
ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Улогата на коморите и бизнис организациите во креирањето на стручното образование и обука во Швајцарија
ОТВОРЕН ДЕН – ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР