СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Стручното образование и обука, својата фунционалност ја остварува само доколку теоретските знаења и стручните вештини станат практично применливи, а практичната применливост се согледува преку натпреварите на кои учениците решаваат проблемски задачи и изнаоѓаат соодветни креативни решенија користејќи го знаењето и вештините. Тоа игра клучна улога во интеграцијата на образованието и обуката за обезбедување стручни знаења, развој на вештини и компетенции, како и применливост на стекнатите знаења и вештини и вклучување во процесот на работа, со фокус на технолошките и работните процеси.
Практичната примена на знаењето и вештините учениците ја покажаа на 42-рите Државни натпревари од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Македонија што се одржаа на 8 и 9 мај во во СЕТУ на град Скопје „Михајло Пупин”.
На натпреварите учествуваа 20 средни стручни училишта во кои се изучуваат квалификации од секторите електротехника и информатички технологии, машинство и сообраќај, транспорт и складирање и вкупно 117 ученици и тоа:
- 94 ученици од квалификациите со четиригодишно траење (IV ниво од НРК);
- 6 ученици од квалификациите со тригодишно траење (III ниво од НРК) и
- 17 ученици кои на натпреварот учествуваа со одбрана на труд.
Натпреварите, на кои младите ги покажаа своите способности и иновативност во стручните области, беа поделени на два дела: теоретски дел каде се проверуваше стручното знаење на учениците и практичен дел во кој учениците со своите вештини и компетенции работаат на конкретна задача и на одбрана на стручен труд.

Свеченото отворање на натпреварите започна со обраќање на директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“, Димитар Ѓоргиев и претседателот на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Републиката (ЗЕМСУ), Душко Лазов, по што следуваа музички точки на ученици од СЕТУ „Михајло Пупин“.
Љубовта кон избраната професијата и посветеноста на учениците во постигнувањето на знаењето и вештините ги дадоа очекуваните резултати.
Во секторот ЕЛЕКТРОТЕХНИКА беа постигнати следниве резултати:
- за квалификацијата Електротехичар за компјутерска техника и автоматика
- првото место го освои Матеј Глигоријевски од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторите Јелена Поп Глигорова и Марија Крстевска;
- второто место го освои Сердар Цветков од СЕТУ „Михајло Пупин” Скопје со менторите Софија Темкова, Поликсена Митева, Јелена С.Јосифовска и Иван Илијев, додека
- третото место го освои Владимир Ѓерасимовски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола со менторите Илче Ацевски, Билјанка Христовска, Благица Богоевска и Пеце Петров.
- за квалификацијата Електротехичар-енергетичар,
- првото место го освои Кире Георгиев од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица со менторите Јосиф Буралиев и Ѓорѓи Данчев;
- второто место го освои Наум Богдановски од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторот Тони Ристески, додека
- третото место го освои Дамјан Тргачевски од СЕТУ „Михајло Пупин” Скопје со менторите Лидија Буровска, Антоние Оносимоски и Снежана Алексовска.
- за квалификацијата Електротехничар за електроника и телекомуникации
- првото место го освои Сергиј Алексовски од СУГС „Владо Тасевски” Скопје со менторот Марија Стамболиева;
- второто место го освои Сара Илоска од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид со менторите Сашо Ангелоски, Билјана Аврамоска и Душко Савески, додека
- третото место го освои Дарио Петроски од ОСТУ „Гостивар” Гостивар , со менторот Александар Нанковски.
- за квалификацијата Техничар за индустриска мехатроника,
- првото место го освои Адријан Дине од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид, со менторите Билјана Ристоска, Душко Савески и Владо Јанкулоски;
- второто место го освои Христијан Трајкоски од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп, со менторите Жанета Колевска, Сотир Митрикески и Сашо Спиркоски , додека
- третото место го освои Леонид Тодоровски од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторите Новица Ѓорѓевски и Давор Јордановски.
Во секторот МАШИНСТВО беа постигнати следниве резултати:
- за квалификацијата Машински техничар
- првото место го освои Јован Гал од ОСТУ „Гостивар” Гостивар со менторот Паскал Ангелоски;
- второто место го освои Аулон Билали од ОСТУ „Гостивар” Гостивар со менторот Есат Исеини, додека
- третото место го освои Христијан Маковски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола со менторите Адријана Поповски, Маја Марковска и Снежана Досевска
- за квалификацијата Машинско-енергетски техничар
- првото место го освои Дамјан Чивлачки од СУГС „Владо Тасевски” Скопје со менторот Рајна Каевска;
- второто место го освои Јован Доламовски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола со менторите Сузана Масларова, Биљана Лумбуровска и Жанета Ѓуровска, додека
- третото место го освои Ива Диневска од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово со менторот Предраг Додиќ.
- за квалификацијата Машински техничар за моторни возила
- првото место го освои Панче Апцев од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица со менторот Марјан Гоцевски;
- второто место го освои Њемања Станковиќ од АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје со менторите Александар Георгиевски, Мирослав Цветковски, Неџат Мјаки и Суад Џемаили, додека
- третото место го освои Дарко Миленковски од СОУ „Јосиф Јосифовски” Гевгелија со менторите Иван Шапкаров,Томе Џинов и Борче Нечевски.
- за квалификацијата Техничар за компјутерско управување
- првото место го освои Наум Сарафилоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид со менторите Меланија Јосифоска, Наташа Јанкоска Китани и Петар Пројкоски;
- второто место го освои Андреа Златкова од СОУ „Коле Нехтенин” Штип, со менторите Борис Крлански, Венцислав Пане, Атанас Крстовски и Томе Коловски додека
- третото место го освои Стефан Јованчевски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” Битола, со менторите Петар Бошковски, Снежана Досевска, Маја Марковска и Маргарита Јосифовска.
- за квалификацијата Техничар за производно машинство
- првото место го освои Јана Василева од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид со менторите Стојан Новески, Владо Трајчевски и Наташа Јанкоска Китани;
- второто место го освои Ѓорѓи Димитров од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица, со менторот Јасмина Стојанова, додека
- третото место го освои Лео Наумовски од СУГС „Владо Тасевски” Скопје, со менторот Целе Пејоски.
- за квалификацијата Автомеханичар
- првото место го освои Марко Бранковски од АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје со менторот Азем Сејфула;
- второто место го освои Берат Алили од ОСТУ „Гостивар” Гостивар со менторот Телат Жупани, додека
- третото место го освои Бојан Каранфилоски од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп, со менторот Жарко Темелкоски.
Во секторот СОБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА беа постигнати следниве резултати:
- за квалификацијата Техничар за транспорт и шпедиција
- првото место го освои Антонио Велинов од СУГС „Владо Тасевски” Скопје со менторот Драгиша Секулоски;
- второто место го освои Тоше Николовски од СОУ „Гошо Викентиев” Кочани со менторите Љубинка Ристова, Златко Петрушов, Мики Јанев и Тоше Манасиев, додека
- третото место го освои Теодора Тунеска од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп, со менторите Весна Петреска, Виолета Секулоска и Снежана Трајкоска.
- за квалификацијата Техничар за патен сообраќај
- првото место го освои Деспина Петреска од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп со менторите Весна Ѓорѓеска, Александар Николоски и Борче Јошески;
- второто место го освои Ѓорѓи Димовски од АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје со менторите Александар Пупков, Снежана Б.Ристевска, Неал Абдули и Џениса Адеми, додека
- третото место го освои Марина Трајчова од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица,, со менторот Ѓорѓи Петров.
Во делот на подготовка и одбрана на стручен труд беa постигнати следниве резултати:
Сектор ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
- првото место го освоија учениците Кире Георгиев, Филип Митров и Александар Витанов од ДСУ РЦСОО „Никола Карев” Струмица за изработен труд на тема: Робот за гаснење пожар. Нивни ментори беа Марија Мучева Георгиева и Надица Ристиќ;
- второто место го освои ученикот Игор Димчевски, од СОУ „Коста Сусинов” – Радовиш за изработен труд на тема: Веб Фузија. Негов ментор беше Борче Алексов, додека
- третото место го освоија учениците Мирче Дамјановски и Петар Петковски од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес, за изработен труд на тема: Робот за гаснење пожар. Нивниот ментор беше Марјан Малинов.
Сектор МАШИНСТВО
- првото место го освои ученикот Петар Неделковски од СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје за изработен труд на тема: Дрон за снимање екстремни видео кадри. Негов ментор беше Елена Лентиќ;
- второто место го освои ученикот Благојче Настевски, од СОУ „Р.Р.-Ричко” Прилеп за изработен труд на тема: Изработка на картинг возило „Ричко 1“. Негови ментори беа Трајанка Стојческа и Гордана Насеска.
Сектор СОБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА
- првото место го освои ученикот Кристијан Постолов од СОУ „Гошо Викентиев” Кочани за изработен труд на тема: Транспортна бучава и заштита од бучава. Негов ментор беше Љубинка Ристова;
- второто место го освоија учениците Мартина Најдоска, Ивана Стеваноска и Ивона Ѓореска, од СОУ „Р.Р. Ричко” Прилеп за изработен труд на тема: Мал потег за големи промени. Невниот ментор беше Виолета Секулоска.

Сподели на социјална мрежа: