23 август 2024

ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА

Пет ученици од средното стручно училиште „Ѓoрче Петров“ – Прилеп (Михаил Ангелески, Теа Манеска, Христина Димеска, Мaрија Ѓорѓиоска и Марио Ујгуноски), заедно со нивниот ментор професорката Христина П. Димеска, зедоа учество на најголемиот европски натпревар за млади претприемачи кој се одржа во Катанија, Сицилија. Стручното образование и јакнењето на стручните и претприемачките вештини за бизнис ориентираност кај учениците е една од целите на кој работи Стопанската комора, а поддршката што ја дава во таа насока е вмрежување и соработка помеѓу компаниите и средните стручните училишта.

Почеток- раѓање на идејата и освоеното прво место

Преку изучување на предметот за градење кариера – Ученичка компанија, учениците за време на часовите, работаат на создавање идеи, услуги или производи од кои подоцна преку презентација на истите се избра најдобрата идеја.

Со идејата за чоколадниот пробиотик на тимот на ЧокоПробио и подготвениот план за работа на виртуелна компанија, училиштето СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, го освои  првото место на Националниот натпревар за избор на најдобри ученички компании во Струга, Хотел Дрим, во организција на ЏА Македонија, со што оваа идеја беше пласирана на европско ниво.

Тек и подготовки

Освојувањето на првото место, за тимот на ЧокоПробио, беа отворени нови видици за учество на европскиот напревар во Италија и тимот започнал со свои подготовки: оформување на крајните цели, подготовка на сценска презентација, подготовка на штанд, компаниски извештај итн.

Првиот ден на европскиот наппревар во Катанија, тимот на ЧокоПробио реализирал генерална проба за својот сценски настап, како и дополнителни активности за соодветна подготовка.

Вториот ден по свечено отворање на настанот, тимот на ЧокоПробио, пред стручната Комисија, ја претстави својата земја преку виртуелната компанија, но и пред повеќе од 50 тима, кои доаѓаа од 41 држава ширум Европа.

Третиот ден, од страна на тимот на ЧокоПробио, бил поставен штандот за  претставување на новиот производ – чоколаден пробиотик збогатен со витамин Ц.  За успешноста и работата на виртуелната компанијата сведоци биле многубројните посетители на самиот штанд, кои покажале голем интерес како за производот, така и за самата идеја.

Последната вечер од престојот, во организација на ЏА Италија, завршил со свечена МЕТ ГАЛА вечера, на која биле прогласени ТОП 3 најдобри компании за две нивоа и тоа: средношколско и универзитетско ниво.

„Задоволство беше да се работи со ученици кои размислуваат иновативно, полни со ентузијазам за откривање на нешто ново, особено кога станува збор за ученици од здравствена струка, бидејќи нашиот производ е поврзан со стекнување на здрави навики во исхраната уште од најмала возраст.“ – вели нивниот ментор, професорката Христина П. Димеска.

Средношколецот Михал Ангелески, член на тимот на ЧокоПробио, истакнува дека идејата била добиена по пат на избор на најдобра идеа преку изучување на програмата Ученичка компанија – Претприемачка практика на млади каде се запознале со многу економски поими кои ќе им служат за понатамошниот процес.

Производот е всушност чоколаден пробиотик кој би имал за цел да го олесни патот на консумирање на таблетната терапија, со што создаваме една здрава навика посебно кај младите и оние најмали. Всушност се состои само од какао, путер и пробиотик, збогатен со витамин Ц, со што се грижиме за здравјето и имунитетот на луѓето- вели Михаел Ангелески.

Според него, натпреварот бил можност пред сè за дружба, за поттикнување натпреварувачки карактер, стекнување нови искуства, знаења и се разбира, подготовка за понатамошниот процес од нашиот живот.

Последни

МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО НАУКАТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО ИНФОРМАТИКАТА И ГЕОНАУКАТА
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА
ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Улогата на коморите и бизнис организациите во креирањето на стручното образование и обука во Швајцарија
ОТВОРЕН ДЕН – ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР
ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО КОМПАНИЈА – ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКО РАБОТНО МЕСТО