ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА БИЗНИСОТ
Bо рамките на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада во Скопје, денес во Велес и Кавадарци беа одржани средби на која учествуваа државниот секретар во МОН, Анета Трпевска, преставникот од Стопанската комора на Македонија, Елизабета Андриевска-Ефтимова, Шериф Мифтари, директорот од Центарот за стручно образование, градоначалникот на Општина Велес и замениците на градоначалниците на Општина Кавадарци и Неготино, како и директорите од средните стручни училишта и од бизнис-секторот од регионот.
На средбата беше потенцирано дека Министерството за образование и наука, активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите.
Од странa на Министерството за образование и наука и Стопанската комора на С.Македонија се спроведуваа анализи за да се утврди соодветноста на постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и на потребата од нови профили кои им се потребни на компаниите. Со цел да се идентификуваат потребите, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите, каде што компаниите делуваат. Комората ги утврди клучните приоритети, а тоа се преструктуирање на образовниот систем за создавање стручен и квалификуван кадар; хармонизација на законската регулатива во областа на образованието; систематско уредување на дуалниот модел на образование; креирање на релевантна уписна политика според потребите на реалниот сектор и надминување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на вештини. Дел од активностите кои ги презема Комората се вклучување на компаниите во реализација на практичната обука, сертифицирање на ментори односно обука на стручно лице ментор во компанија и верификација на самата компанија за извршување на практиична обука. Дополнително изготви платформа за сертифицирани ментори, верификувани компании и за ученици од стручни училишта, понуди помош, односно линк за обезбедување на средства преку Регионалниот фонд за предизвици, а исиот се спроведува преку Коморскиот инвесициски форум на Западен Балкан 6. Дел од компаниите го изразија задоволството од досегашната соработка со Комората, со тоа што веќе имаат обучени ментори, дел се верификувале, а некои од нив веќе ги користат средства од фондовите со што ги подобриле значајно условите за работа со учениците од стручното образование.
Во наредниот период се очекува компаниите кои бараат образовни профили од одредени струки кои веќе ги нудат училиштата во Велес и Кавадарци да започнат заедничка соработка и да се разгледа можноста за отворање на паралелка за дуално образование, како и да се продлабочи соработката со општината и локалната самоуправа.
Сподели на социјална мрежа: