ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА
На 18.12.2024 година, во хотел Александар Палас, Скопје, беше одржана завршната конференција на регионалниот проект „Обезбедување квалитет во работата на координаторите за учење преку работа“ на која беше акцентирана улогата на координаторите за учење преку работа, кои претставуваат “интерфејс” помеѓу училиштето и бизнис секторот и беа доделени сертификатите на координаторите кои ја поминаа обуката за координатори во рамките на проектот.
Регионалниот проект „Обезбедување квалитет во работата на координаторите за учење преку работа“, финансиран од страна на австриското Сојузно министерството за образование, наука и истражување, имаше за цел зајакнување на капацитетите и компетенциите на училиштата за стручно образование и обука за професионална соработка со бизнис секторот преку интегрирање на наставниците координатори за учење преку работа и бизнис секторот. Проектот се реализираше седум години и се постигна воочливост дека:
- Учењето преку работа се повеќе го премостува јазот помеѓу теоретското знаење и стекнувањето на практичните вештини;
- Во стручното образование од есенцијално значење за учениците е можноста да го применуваат наученото во реална работна средина и
- Координаторите за учење преку работа имаат улога од витално (клучно) значење за успешно спроведување на процесот на учење преку работа, по пат на олеснување на соработката помеѓу образовните институции (средните стручни училишта) и компаниите, бидејќи ги координира и прегледува сите аспекти на учењето преку работа и ги поврзува потребите на учениците со барањата на работното место; воспоставува партнерстава, го планира и организира процесот на учење преку работа; организира, спроведува мониторинг и поддршка на компаниите и учениците и обезбедува повратни информации за објективно оценување и за периодични анализи за унапредување на процесот.
Во рамките на проектот беа реализираа повеќе активности: 1) спроведена анализа за состојбата на учењето преку работа и соработката на училиштата и компаниите; 2) изработен профил на координатор за учење преку работа; 3) изработен Прирачник за учење преку работа; креирана и реализирана програма за обука која се состои од пакет од 15 дена обука и обука за стекнување сертификат за координатор за учење преку работа; 4) формирана заедница за учење и вмрежување на координаторите за заедничко учење и меѓусебно помагање; 5) реализирани тркалезни маси за јакнење на свеста на јавниот сектор за важноста на учењето преку работа и тематски работилници за развивање на вештини на координаторите од стручен и организациски карактер; 6) изработени два документа: „Сет на обрасци за УПР“ кој се користи за евидентирање активности и комуникација со компаниите и „ Стандарди и индикатори за квалитет во работата на координаторот за учење преку работа“ кој има функција на инструмент за самоевалуација.
Ефективната организација на учењето преку работа преку подлабоката соработка меѓу училиштата и компаниите преку координаторите, овозможи големи придобивки за:
- учениците – во насока на применливост на наученото во реална работна средина и развивање на стручни компетенции, оспособување за вработливост и кариера,
- компаниите – секојдневно добиваа нови иновативни идеи од подмладокот во своите редови и ги идентификуваа идните потенцијални вработени.
Координаторот за учење преку работа и менторите во компаниите се круцијалните улоги за организација и поддршка на процесот на учење преку работа и нивната заедничката работа е урамнотежено единство на синергија на приближување на процесот на образование и вработување.
Тоа покажува дека и во образовниот и во приватниот сектор се повеќе се развива свеста дека поврзаноста меѓу училиштата и компаниите преку соработката на координаторите и менторите ќе придонесе кон поголем интерес за стручното образование, поголем интерес за инвестиции во земјата, отворање нови работни места и економско зајакнување на земјата, а со тоа подобри перспективи за младите во неа.
Сподели на социјална мрежа: