21 април 2022

КВАЛИФИКАЦИИТЕ ГОТВАЧ, ПЕКАР И СЛАТКАР НАЈБАРАНИ ВО УГОСТИТЕЛСКИОТ СЕКТОР

Обезбедувањето квалитет во образованието и здобивањето стручни вештини кај учениците преку реализација на практичната обука во компаниите, како најефективен начин за обезбедување стручен кадар, континуирано се во фокусот на работењето на Стопанската комора. Извршувајќи ја својата функција како мост меѓу образованието и бизнисот, денеска таа воспостави соработка меѓу Пекарницата „Пастел“ и Стручното училиште „Лазар Танев“ Скопје, преку потпишување меморандум за соработка за најбараните квалификации во секторот угостителство – пекар и слаткар. Бизнис-заедницата е свесна дека само преку подготовка на кандидати во својата фирма може да обезбеди кадар кој веднаш по завршувањето ќе може директно да го вклопи во своите производствени процеси. Останува заеднички да се работи на привлекување и на зголемување на бројот на ученици за упис на ваков вид квалификации.

Меморандум за соработка во делот на образовните процеси и на реализацијата на практичната обука потпишаа и стручните училишта ЕТУЦ „Михајло Пупин“ и ЕМУЦ „8 Септември“ Скопје со компанијата „Фор лејди“ за подготовка на кадар преку дуалното образование за квалификациите електричар и техничар за компјутерска техника и автоматика и за учење преку работа за квалификацијата машински техничар.

Бројот на компании што се вклучуваат во стручното образование сѐ повеќе расте како резултат на активностите на Комората, која со години наназад работеше со образовните институции на флексибилноста на стручното образование, кое мора да биде отворено кон бизнисот и да ги следи во чекор брзите промени што се случуваат во него.

Последни

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО НАУКАТА
МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО ИНФОРМАТИКАТА И ГЕОНАУКАТА
ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА
ОД ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА: ВИРТУЕЛНАТА КОМПАНИЈА ОД СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, ПЛАСИРАНА НА ЕВРОПСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Улогата на коморите и бизнис организациите во креирањето на стручното образование и обука во Швајцарија
ОТВОРЕН ДЕН – ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА
ТРИАГОЛНИКОТ МЕНТОР-УЧЕНИК-КООРДИНАТОР ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА-АЛАТКА ЗА КВАЛИТЕТНА ПРАКТИЧНА ОБУКА
Приказна на Виктор Анѓелов, дипломиран машински инженер, раководител на погон Алатница и сертифициран ментор за практична обука на ученици во компанијата „Руен Инокс Автомобиле“, Кочани
ОТВОРЕН ДЕН НА АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ СКОПЈЕ – МОЖНОСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕАЛНИОТ СЕКТОР И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУЧЕН КАДАР