23 август 2024

ПРВА И ВТОРА НАГРАДА ЗА БАЛЕРИНИТЕ ОД ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛЕТСКИ НАТПРЕВАР „МИА ЧОРАК СЛАВЕНСКА“ ВО ХРВАТСКА

Македонските ученици ја промовираа својата држава Македонија преку своите уметнички таленти. На меѓународниот балетски натпревар „Миа Чорак Славенска“ што се одржа во јули 2024 година, во  Загреб, Хрватска, ученичките од музичко-балетскиот центар „Илија Николовски Луј“, Скопје, балерината Јана Кепеска (14) ја освои првата награда, а втората награда ја освои балерината Антонија Атанасова (15) во јуниорска категорија, во конкуренција од неколку европски и светски држави.

Балерината Антонија Атанасова доби и стипендија за едногодишно школување на Центарот за уметност Интерлохен (Intrlochen Centre of the Arts) во САД.

Двете ученички се во класата на проф. Дафина Данилоска – Кочевска.

Балерините Јана Кепеска и Антонија Атанасова, годинава имаат учествувано и на натпреварот во Бурса, Турција, каде што добија еднонеделен бесплатен семинар на училиштето Џон Крако во Штудгард, Германија.

Матурантката Ева Десоска доби награда да учествува на летен семинар на Унгарската танцова академија во Будимпешта, Унгарија. Нејзин ментор е Лора Тарчуговска од класата на проф. Маја Митровска – Богојевска.

Совет тие натпреварувачки, на балетскиот напревар учествуваа и: Искра Давидовска во класа на проф. Слаѓана Спасеновска; Мила Николова, Веда Анѓушева, Ина Стојановска, Симона Савевска и Томрис Шабан во класа на проф. Дафина Данилоска-Кочевска и Елса Ајрулаи во класа на проф. Илинка Накова.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА