28 декември 2023

И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА

МАРТА НАУМОВСКА ГРНАРОВА ОД „ЗАВАР КОМПАНИ“, ПРЕД ДЕВЕТТООДЕЛЕНЦИТЕ НА ОУ “ГЛИГОР ПРЛИЧЕВ” СКОПЈЕ, ЈА ПРЕСТАВИ ПРОФЕСИЈАТА МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР И МАШИНСКИ ИНЖИНЕР

Со цел да се направи спој на образованието и реалниот бизнис сектор и поттикнување на уписот во средните стручни училишта за креирање иден потенцијал на стручен кадар, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и проектот „Образование за вработување (Е4Е)“, а со поддршка на компанијата „Завар Компани“ Скопје, на 22.12.2023 година во просториите на ОУ „Глигор Прличев“ општина Гази Баба, беше реализиран иновативен и прв ваков настан за презентирање на квалификациите кои се нудат преку образовниот процес пред идните полуматуранти. Настанот беше одлична можност, преку приказната на сопственичката на компанијата „Завар Компани“, Марта Наумовска Грнарова, да се престават професиите машински техничар, заварувач и бравар пред деветоодделенците, кои се на прагот за избор за својата идна професија и да се покаже врската меѓу бизнисот и образованието особено во сегментот на реализацијата на практичната обука, бидејќи за квалитетно стручно образование неоходно е да постои парнерство помеѓу коморите, компаниите и образовните институции.

Преку презентација на сопствената фирма, таа раскажа што значи да се биде машински техничар, а потоа мажински инженер, и како да се спојат современите технологии, сопствените иновации и уметничката душа и да се обликуваат неочекувани начини и форми, со цел креирање објекти, радијатори и мебел кои ќе се истакнуваат во сите ентериери. Процесот на производство се заснова на еколошки технологии, со минимална потрошувачка на енергија и на квалитетни природни материјали, што ги прави производите стопроцентно рециклирачки.

Но почетоците секако не биле лесни….

Марта Наумовска Грнарова се определува за професијата машински инжинер, а работниот век го започнува во семејната компанија, каде доминираат мажите, со оглед на стереотипите кои сè уште владеат за машки и женски професии.

Завар компани

Да се биде жена во ваква индустрија, која се карактеризира како “машка”, иако таа  нема такви предрасуди, за неа преставува огромна гордост, но и предизвик.

Според сопственичката на „Завар Компани“, која се обрати до деветтооделенците, само амбициозноста и отворениот ум кон нови нешта преставуваат основен двигател за ова дигитално општество. „Сите што имаат интерес кон технологиите, потребно е да вложуваат во себеси, да си дадат шанса да научат нешто повеќе за тоа што сакаат да го работат. Само со упорност и посветена работа и во сопствената земја може да се стигне до целта и да се стане успешен, потенцираше Грнарова, а според неа, професиите немаат пол, охрабрувајќи ги девоjчињата при изборот на професијата, бидејќи креативното изразување во комбинација со иновативно размислување, пркоси на стериотипите за “машки” професии. Таа ги поттикна деветтоодделенците дека доколку се запишат на некоја од квалификациите од секторот машинство ќе имаат можност во нејзината компанија да ја реализираат практичната обука без која не може да се стекнат стручните знаења и вештини и да се стане успешен во својата професија.

Завар компани

„Завар Компани“ е светски признат лидер во производство на опрема за преработка, која се користи во прехранбената, хемиската, фармацевтската индустрија, претежно изработена од нерѓосувачки челик (INOX).

Производството на радијатори од не’рѓосувачки челик преставува последен предизвик за Марта Наумовска Грнарова, каде преку спој на заварување на инокс радијаторите и сопствениот дизајн, се произведуваат уникатни модели со најразлични димензии.

ОУ „Глигор Прличев“ кое беше посетено од претставниците на Стопанската комора и „Завар Компани“ Скопје, каде учат деветоодделенците, преставува модерно училиште и истото, под раководство на нивната млада и визионерски насочена директорка, Александра Петковска Анастасов, е училиште со современа активна настава во кое секој поединец  се охрабрува да го достигне својот  потенцијал.

Со ваквиот начин на претставување на квалификациите, со директен и непосреден контакт на младите полуматуранти и претставници од бизнис секторот, им се дава ретка можност да слушнат за перспективите доколку ја одберат професијата  машински техничар, заварувач или бравар.

Последни

СОУ „БОГДАНЦИ“, БОГДАНЦИ – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЗА ДУАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАКТИЧНАTA НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА – ПОДГОТОВКА НА ИДНИ КОЛЕГИ
И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЧИН ЗА ПОСВЕТЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВЕДНАШ ДА НАЈДАТ РАБОТА
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО КОМПАНИИТЕ – ОБОСТРАН БЕНЕФИТ И ЗА КОМПАНИИТЕ И ЗА УЧЕНИЦИТЕ
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – РАЗВИВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА КАДАРОТ И ПОДИГАЊЕ НА НИВОАТА НА ВЕШТИНИТЕ И СПОСОБНОСТИТЕ
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: СЕКОЈ НАШ УЧЕНИК ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ СТАНУВА НАШ КОЛЕГА
ПЕТТА ГЕНЕРАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ КОИ РЕАЛИЗИРААТ ПРАКТИЧНА ОБУКА ВО „ДРЕКСЛМАJЕР МАКЕДОНИЈА“ СПОРЕД ДУАЛНИОТ МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ
НАЈДОБРИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ – ИДЕН КОМПЕТЕНТЕН КАДАР ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
КОМПАНИЈА „РОНТИС“ ОД ВЕЛЕС ДАВА КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕКУ СОРАБОТКА СО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА