25 мај 2022

ДОНЕСЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ОДЛУКА СПОРЕД ЛИЧНИТЕ АФИНИТЕТИ, НО И СОСТОЈБАТА НА ПАЗАРОТ

Отворен ден за претставување на дуалните паралелки за квалификациите градежен техничар и геодетски техничар, беше реализиран и во СГГУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје. Со поддршка од локалните компании, овие паралелки ќе имаат организирана практична обука директно на работното место, а тоа значи квалитетна и креативна настава.

Деветтооделенците од Скопје имаа можност да се запознаат со квалификациите што ги нуди ова училиште, како и со компаниите во кои ќе ја реализираат практичната обука (учење преку работа и феријалната практика).

  1. Гео- компас ДООЕЛ, Скопје
  2. Гео-мастер ДООЕЛ, Гостивар
  3. Геоинформатика, Скопје
  4. Вадем 1.83 ДООЕЛ, Скопје
  5. Гео апроузл ДООЕЛ, Скопје
  6. Дгиут гео- интер ДООЕЛ, Скопје
  7. Ексфнл 2016, Скопје
  8. НБВ 2010 инженеринг Скопје
  9. ДГТ Жикол ДООЕЛ, Струмица
  10. Градежен институт Македонија АД
  11. Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика
  12. МБ хоме- мокош
  13. Агенција за катастар на недвижности
  14. ПМГ конструктион ДООЕЛ, Скопје
  15. ГД Гранит АД, Скопје
  16. ДПЛТУ Макаус Благоја ДООЕЛ, Скопје
  17. Аиновум, Скопје

Министерството за образование и наука воведе стипендии од 3500 денари за учениците кои се запишуваат во дуалните паралелки.