26 јуни 2023

ВО „ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ УСПЕШНО СЕ РЕАЛИЗИРА УЧЕЊЕTO ПРЕКУ РАБОТА И ФЕРИЈАЛНАТА ПРАКСА НА ПРВАТА ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА ОД СОУ „КИРО СПАНЏОВ-БРКО“ КАВАДАРЦИ

Учениците од втора година, од првата дуална паралелка, за квалификацијата металуршки техничар од СОУ „Киро Спанџов-Брко“ Кавадарци, успешно ја комплетираа програмата за учење преку работа во компанијата „Еуроникел Индустри“ од Кацвадарци. Во текот на учебната 2022/2023 година, под менторство на тимот од „Еуроникел Индустри“, составен од инженери, техничари и координатори, учениците учеа во автентична работна средина и опкружување, и на конкретни задачи, соодветно на секторот и квалификацијата/образовниот профил. На тој начин се оспособуваат за побрзо и конкурентно наметнување на пазарот на трудот во техничките струки, веднаш по завршување на средното образование.

Веќе во месец јуни, сите ученици ја завршија и феријалната пракса,  а компанијата им додели Сертификати за успешно завршена практична настава и феријална пракса. Од следната учебна година, „Еуроникел Индустри“ ќе ја продолжи практичната настава и доедукација на техничките струки на учениците од трета година, како и на новата генерација на дуална паралелка, која исто така ќе започне со практична настава.

Компанијата „Еуроникел Индустри“ од Кавадарци како дел од својата општествено одговорна функција со активно учество го поддржува проектот за дуално образование и учење преку работа, како и реализација на феријална пракса за голем број технички струки, за средно, но и за високо образование. Поддршката произлегува од потребата за вложување во едукација на кадри и технички профили што е од исклучителна важност за индустријата и националната економија во целост.

Latest

БИТОЛА БЛЕСНА ВО ЗНАКОТ НА МОДАТА, КРЕАТИВНОСТА И МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ!
УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА – ОД КОНЦЕПТ, ПРЕКУ ДИЗАЈН, ДО ГОТОВ ПРОИЗВОД
РАДЕ КОНЧАР –ТЕП „УЧИМЕ ОД БИЗНИСОТ“ – ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ ПОВРЗУВА СО ПРАКТИКАТА
Велес како последна станица за претставување на потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам
Претставени потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Центар и од Аеродром
Средно што е вредно: Презентирани потенцијалите на образовните профили во секторот угостителство и туризам пред ученици од Битола, Новаци и од Могила
Претставени кариерните можности во секторот туризам и угостителство пред ученици од Охрид и од Струга
СРЕДНОШКОЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО СЕКТОРИТЕ: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ, МАШИНСТВО И СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Претставени резултатите од регионалниот проект „Подобрување на квалитетот на образованието и на обуката“
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ НА РАБОТАТА НА КООРДИНАТОРОТ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА